Сакал да вложува во криптовалути, па останал без неколку илјади евра

Објавено на 17.01.2023 19:02 во Рецензија


Сакал да вложува во криптовалути, па останал без неколку илјади евра

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Измамниците не се директни претставници на крипто компании;
- Злоупотреба на лични податоци;



Целата рецензија

Вложувањето во криптовалути со себе носи и одредени ризици, но оние кои што се спремни да се впуштат во таквиот потфат, мора да бидат спремни. Во желбата да заработат од купување и продажба на криптовалути, невнимателните граѓани, често стануваат жртви на измама.

Така полициската станица во Дубровник, Хрватска, добила известување за случај со измама за време на купување на криптовалути, кои што ги пријавил 67-годишен човек. Тој на почетокот на декември 2022 година, преку социјалната мрежа Facebook стапил во контакт со непозната личност и во три случаи уплатил над 2.000 евра поради купување на криптовалути, надградба на сметки и претварање на криптовалутите во евра. После исплатата на вложените пари и добивката, сторителот ја прекинал комуникацијата и не ги исплатил парите.

„Ги предупредуваме граѓаните да бидат внимателни, со цел да не станат жртви на инвестициски измами. Освен тоа што и самото вложување во криптовалути е ризично, постои опасност дека ќе наидете на сторители што ќе се обидат да ве измамат или ќе станете жртва на хакерски напади. Сомневајте се и добро информирајте се. Побарајте непристрасен финансиски совет пред да ги дадете своите банкарски сметки или да ги вложите парите“, велат од полицијата од Дубровник. 

Сите интернет корисници ги советуваме да ги проверат нереално високите профити што се нудат на интернет за многу краток период. Тоа е првиот, најочигледен знак, дека се работи за измамнички намери. 

Во текот на комуникацијата на интернет, не треба никому да давате доверливи лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички и не треба да испраќате еднократни лозинки од апликациите за интернет банкарство, ниту други податоци за авторизација на банкарските трансакции, истакнуваат од полицијата

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.