Неверојатниот Samsung ISOCELL HP2 ќе дебитира со резолуција од 200MP

Објавено на 18.01.2023 16:42 во Рецензија


Неверојатниот Samsung ISOCELL HP2 ќе дебитира со резолуција од 200MP

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Нова Dual Vertical Transfer Gate (D-VTG) технологија за зголемување на капацитетот на пикселите;
+ Нов ISOCELL HP2 сензор;

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung го претстави новиот сензор од 200 мегапиксели. Тој ќе дебитира со новата Galaxy S23 серија, на 1 февруари во Сан Франциско. Новиот сензор за фотографии - ISOCELL HP2, содржи подобрувања во резолуцијата за фотографии и видеа, и подобрена технологија за пиксели, со подобар квалитет на самите видеа.

Samsung изјави дека ISOCELL HP2 содржи 200 милиони пиксели од 0,6 микро-метар во оптички формат - 1/1,3 инчи. Сензорот применува напредна технологија со комбинирање на пиксели, Tetra2pixel, која што симулира различни големини на пиксели, кои што се прилагодуваат со различни степени на осветлување на околината. При слабото осветлување, сензорот реагира со спојување од четири до 16 соседни пиксели, со што се подобрува видливоста. 

Исто така, сензорот пристигнува со Dual Vertical Transfer Gate (D-VTG) технологија, за која што во Samsung тврдат дека го зголемува капацитетот на пиксели, со над 33%. Мора да ја спомнеме и Super QPD технологијата, која што нуди подобрено автоматско фокусирање во услови на слаба осветленост.

Премиера на новата Galaxy S23 серија

Како функционира сето тоа во комбинација со камерата, ќе биде видливо кога на пазарот ќе излезе Samsung Galaxy S23 Ultra, кој што би требало да биде првиот телефон со тој сензор и камера од 200MP. Официјални информации се уште нема, но се зборува дека Galaxy S23 и S23 Plus, кои што исто така ќе бидат лансирани на 1 февруари, и понатаму ќе ја користат главната камера со резолуција од 50MP.

Освен новата камера, Galaxy S23 серијата ќе има и Snapdragon 8 Gen 2 процесор, подобра и долготрајна батерија и наводно, уште подобар екран. 

Претседателот на Samsung, ТМ Роу, со нови информации за Galaxy S23

„Нашиот напреден систем со камери, станува се попаметен, нуди подобри фотографии и видеа за секакви услови, кај нашите Galaxy смартфони. Со оптимизација на хардверот и софтверот, нашиот најнов чипсет произлезе од филозофијата на Samsung за отворено партнерство, што овозможува најбрзи и најмоќни перформанси на Galaxy“, напиша Роу на својот блог.

Дали Samsung со новите смартфони ќе претстави уште нешто ново, се уште не знаеме. Ќе мораме да се стрпиме уште две недели.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.