Кликнала на лажен линк за ажурирање на сметката, и украле 25 илјади евра

Објавено на 23.01.2023 10:18 во Рецензија


Кликнала на лажен линк за ажурирање на сметката, и украле 25 илјади евра

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Крадење на лични податоци со снимање на лозинката и мејлот преку прозорец што излегува испратен од хакерот; 



Целата рецензија

Компанијата во која што работела жената, добила e-mail, на кого пишувало дека треба да се ажурира апликацијата со банкарските услуги. Така ги украле личните податоци на компанијата и украле 25 илјади евра.

Претставничката на компанијата во Словенија добила лажен e-mail, кој што не можела да го препознае. Така ја ажурирала апликацијата, со тоа што на мобилниот добила два линка за да ја внесе лозинката на линкот што и излегол. 

Набрзо потоа ја повикале од банката со прашањето дали извршила меѓународна трансакција од 44 илјади евра. Таа тоа го негирала, па така трансакцијата била оспорена. Хакерите успеале да украдат само 25 илјади евра, кои што не можеле да ги пронајдат. 

Полицијата во Словенија затоа ги повикува сите корисници на интернет и e-mail, да бидат внимателни за да нема уште такви жртви на хакери. Доколку луѓето се невнимателни, подобро би било да се консултираат со стручни лица. 

Пред да одлучите да купите или инвестирате преку интернет, проверете ја адресата на испраќачот на електронската пошта, како и дали постојат правни или физички лица што се занимаваат со ова и како се претставени со име и презиме. 

Најстрого да се внимава да не се испраќаат лични податоци, ниту пак оние од банкарските картички. Испратете известување до банките и паричните институции, при што во случај да примате сомнителна е-пошта, ќе ја проверите дали е доверлива или не. Доколку имате авторизација на сметката во банката, веднаш обратете се до своите претпоставени од компанијата. Телефони.мк често пати пишува дека мора да се внимава на ваквите лажни мејлови, затоа што и лично нам ни стигнуваат барем по два вакви мејла секојдневно.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.