Xiaomi 12T: Зголемена вредност и неверојатна моќност

Објавено на 25.01.2023 08:55 во Рецензија


Xiaomi 12T: Зголемена вредност и неверојатна моќност

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Атрактивен дизајн;
+ Голем екран со 120Hz;
+ Квалитетна камера со сензор од 108MP;
+ Јасни слики со долга експозиција;
+ Селфи камера со забавни можности;
+ Моќни перформанси;
+ Практичен кориснички интерфејс со многу опции;
+ Неверојатно брзо полнење;
+ Конкурентна цена;

 

Negatives:

- Недобри фотографии со зумирањето;
- Нема безжично полнење;



Целата рецензија

Со цена од околу 600 евра, новиот Xiaomi 12T е вреден за парите, доколку барате долготрајна батерија, брзи перформанси, фантастичен дисплеј, двоен стерео звучник и многу меморија. Цената со 256GB меморија е повисока за само 2.000 денари во споредба со верзијата со 128GB меморија. 

Дизајн и бои

Xiaomi почна да креира привлечен дизајн кај своите телефони, кој што не може да се споредува со другите премиум смартфони. Тој си има своја убавина. Задната страна е изработена со пластика, но изгледа феноменално и ќе се воодушевите.

Бојата на задниот панел е матирана, освен делот каде што се сместени сензорите за камерата. Дефинитивно е привлечен. Модулот за камерата е вертикално поставен. Xiaomi 12T е достапен во сина, сребрена и црна боја.

Екран

Xiaomi 12T располага со 6.67-инчен AMOLED дисплеј од 120Hz и Gorilla Glass 5 заштита на стаклото. Има HDR10+ поддршка, 900 нити светлина. Екранот на Xiaomi 12T изгледа многу убаво и остро, со живи бои, кои не се пресатурирани. HDR содржината изгледа одлично на овој екран, како и секој друг скап уред, што чини барем двојно повеќе. Телефонот се вклучува на 120Hz само кога е неопходно, со цел да биде енергетски ефикасен. 

Камера

Имаме тројна задна камера со главен сензор од 108MP и OIS-оптичка стабилизација на сликата. Вториот сензор е ултра-широк со 8MP (120° FOV), и третиот сензор е со 2MP макро камера. Камерата на Xiaomi 12T има долга експозиција, што овозможува шест вида на стилизирани слики што може да ги фотографирате: Moving crowd, Oil painting, Neon trails, Light painting, Starry sky, Star trails.

Овие алатки ги нема во менито на "More" во апликацијата на камерата, туку мора да кликнете за да се симне.

Сликите фотографирани со главната камера на Xiaomi 12T изгледаат беспрекорно, доколку не зумирате. Сите бои изгледаат многу природно и нема никакви критики на ова поле. Јасноста на сликите е на високо ниво. Може да зумирате до 2X оптички зум и до 10X дигитален зум.  

Селфи камерата изнесува 20MP, која што вади одлични селфи фотографии. Тука може да имате многу забава, со оглед на алатките што ви се достапни во апликацијата - може да си ставите големи очи, може да го намалите вашиот нос, може да го направите вашето лице помало, итн. Од камерата нема да бидете разочарани во никој случај.

Хардвер

Xiaomi 12T е опремен со MediaTek Dimensity 8100-Ultra процесор, кој што нуди одлично искуство за стриминг и гејминг. Наменет е само за предводници. Без ралзика на тоа шот не е Snapdragon, процесорот е моќен и веднаш одговара на вашите задачи. Дури и со 3D игрите не можете да го натерате да закочи. Имаме split-screen мултитаскинг опција кај Xiaomi 12T, и тоа исто така не ја намалува неговата брзина.

Софтвер

Xiaomi 12T е со MIUI 13.0.10 кориснички интерфејс, на базан а Android 12 оперативен систем. Xiaomi за софтверот ветува 4 години безбедносни надградби и главни надградби на софтверот до Android 15, што звучи многу добро. Она што е присутно овде е дека Xiaomi вградил во самиот софтвер Ads, кои што се всушност MIUI апликации, како што е на пример file manager.

MIUI 13 изгледа многу добро, нешто слично како iOS. Интерфејсот е многу чист, минималистичен и имаме одлични алатки. Има split-screen multitasking опција, што iPhones го нема, screen recorder, вградени фото и видео едитори и друго.

Батерија

Овој телефон овде располага со 5000mAh, и покрај фактот дека има тенок дизајн. Има фантастична долготрајност на батеријата до 13.5 часа со вклучен екран, тврдат од компанијата. Кога го тестиравме, Xiaomi 12T ни докажа дека е најдобар од предводниците. Благодарение на големиот капацитет на батеријата и неговиот Dimensity процесор, варијабилното освежување на екранот, телефонот може да потрае и неколку дена ако не го користите многу. 

Недостаток е безжичното полнење, меѓутоа, полнењето со 120W преку кабел е доволно да го наполни телефонот за само 19 минути од 0% до 100%, така што нема потреба да жалите по безжично полнење. 

Заклучок

Големиот и прекрасен AMOLED екран, двата стерео звучника, го прават овој фантастичен гејмерски телефон да биде на врвот на предводниците со мали недостатоци што се занемарливи. За добра цена може да купите ѕвер од телефон, како што е Xiaomi 12T. Xiaomi дефинитивно не натера да бидеме фанови на нивните телефони, со оглед на тоа што за мала цена нудат одлични перформанси. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.