Во Кина цвета бизнисот со изнајмување на виртуелни луѓе, се плаќа и по 14 илјади долари

Објавено на 27.01.2023 07:00 во Рецензија


Во Кина цвета бизнисот со изнајмување на виртуелни луѓе, се плаќа и по 14 илјади долари

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Добра алтернатива за оние што сакаат поевтино и ефикасно рекламирање;

 

Negatives:



Целата рецензија

Познатите личности, на кои што спонзорите им плаќаат по милион долари, мора добро да внимаваат на својот имиџ во јавноста. Ако почне да се пишува за нив во негативен контекст, како што е случајот на пример со Канје Вест, може да дојде до прекин на спонзорските договори. Сличното се случува и со брендовите, кои што мора да внимаваат добро со кого ќе соработуваат, со цел да го заштитат својот бренд од лош ПР.

Кинезите имаат решенија за таквите проблеми. Дел од познатите личности во последно време имаат проблеми поради избегнување на плаќање на данок или некои лични скандали, па затоа брендовите веќе ги користат виртуелните инфлуенсери. Како што пренесуваат во CNBC, во Кина, изнајмувањето на виртуелни луѓе во последно време цвета и од Baidu велат дека таквите виртуелни личности може да се изнајмат и за повеќе од 14 илјади долари, во зависност од проектот.

Виртуелните личности се комбинација од анимации, звучна технологија и машинско учење, креирани од дигитализирани човечки битија, објаснуваат од Baidu. Од компанијата велат дека нивните услуги веќе ги користат компании од финансискиот сектор, туристички одбори и кинеските државни медиуми. Се очекува побарувачката на овој пазар до 2025 да порасне за 50% на годишно ниво.

Според едно истражување, минатата година повеќе од една третина Кинези ги гледале настапите на виртуелни инфлуенсери, односно дигитални познати личности, додека една петина од нив го гледале настанот што го водела виртуелна личност, односно вести со виртуелен водител. Истото истражување што го објавил Кантар, се покажало дека и оваа година речиси половина од оние што се рекламираат во Кина, можеле да го спонзорираат настапот на виртуелните инфлуенсери или да повикаат виртуелна личност да им се придружи на настаните. 

Еден од најдобрите, т.е. најпознатите примери со такви личности е Луо Тијанји. Станува збор за пејачка која што во дигитален облик ги забавува луѓето веќе цела деценија, а освен тоа што има дури три милиони фанови, имала и чест да настапува на Олимписките игри во Пекинг минатата година. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.