Што да направите ако ја заборавите лозинката на вашиот Android телефон

Објавено на 29.01.2023 07:00 во Рецензија


Што да направите ако ја заборавите лозинката на вашиот Android телефон

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Едноставни и ефикасни начини како да го пронајдете вашиот смартфон;
+ Како да го отклучите вашиот телефон;

 

Negatives:



Целата рецензија

Често пати ни се случува да ја заборавиме лозинката за вклучување на нашиот смартфон. Се разбира, на толку логирања на интернет, може да ја заборавиме и да не ја запишеме. Можеби имате и нов телефон.

Без оглед на тоа што се случило, не очајувајте. Не е се изгубено, особено ако имате Android смартфон. 

Алтернативен начин на отклучување

Прво проверете дали постои алтернативен начин на отклучување. Смартфоните денес нудат можности за отклучување со помош на сензори за отпечатоци на прсти, препознавање на лице, лозинки и ПИН. Ако го заборавивте својот ПИН, можеби можете да отклучите со отпечаток од прстот. Можеби е додадено некое лице од членовите на семејството?

Поврзете го со компјутер

Некои Android телефони ќе ви овозможат пристап кон податоци, доколку го поврзете телефонот со компјутерот. За таа цел ќе биде доволен USB кабел, како оној со кој што уредот се полни. Дали тоа ќе функционира, зависи од повеќе фактори. Од Android верзијата, преку моделот на уредот, посебната програма за управување со податоци, кои што се потребни за инсталација од порано, па се до самата верзија на Windows, што се користат.

Ако се обидете да го поврзете уредот со компјутерот и проверите дали ви нуди опција за префрлање на документи или фотографии на компјутерот. Ако нуди, спасете го она што може да се спаси. Ако не ви понуди, тогаш, жалиме. Обидете се со некој друг начин за отклучување на уредот.

Постарите модели отклучете ги со Google recovery

Ако станува збор за постар телефон, може да се обидете да го вратите пристапот со помош на Google recovery. Овој метод на отклучување ќе ја поништи поставената лозинка, но нема да ги избрише податоците на уредот. За уредите што користат Android 4.4 или постар, доволно е да ја внесат погрешната лозинка 5 пати по ред. По последното погрешно внесување на лозинката, на долната страна на екранот ќе се појави опцијата "Forgot pattern" односно „заборавен примерок“. Доволно е да кликнете на таа опција и да ги внесете вашите податоци за пристап кон Google. Потоа уредот ќе се отклучи и ќе побара од вас да креирате нова лозинка.

Новите модели отклучете ги со помош на Find My Device

Уредите со Android 5 или понов, имаат дополнителна безбедносна опција, која што на сопствениците им овозможува полесно пронаоѓање и отклучување на уредот. Проблемот е тоа што таа опција мора да биде активирана на самиот уред. Ако не е, жал ни е.

Од друга страна, ако ви е вклучена опцијата Find My Device (може да проверите во сетинзите), доволно е да се логирате на компјутерот на страницата Find My Device. Ќе ви биде потребен вашиот Google профил и лозинката. Од списокот на уреди регистрирани на тој профил одберете го телефонот што го сакате. На мапата ќе може да видите каде се наоѓа телефонот, да го заклучите (иако тоа во овој случај и не е потребно), но и да ги избришете податоците.

Можеби тоа не е најдобрата опција ако сакате да дојдете до некои податоци од вашиот уред, но може да биде добро решение ако сакате да го подарите уредот, да го замените за нов во продавница или пак, да го продадете. Ве потсетуваме дека така ќе останете без податоците што се на уредот, а тој ќе се врати на фабрички поставки.

Samsung има своја верзија на Find My Device

Samsung уредите може да се обидат со Samsung опцијата Find My Mobile. Со цел да го направат тоа, треба да се логираат на Samsung страницата Find My Mobile со своите кориснички податоци и да го одберат уредот поврзан со нивниот профил, кој што е потребно да го отклучите.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.