Nokia 1 - Телефон за „почетници“

Објавено на 30.04.2018 во Рецензија


Nokia 1 - Телефон за „почетници“

Оцени

usability
7.0


Перформанси
7.0


Цена
9.0


Камера
5.5


резултат
7.1


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена

- Едноставни функции

- Заменлива батерија

- Ефикасен софтвер

 

Negatives:

 

- Наменет за ограничена категорија корисници



Целата рецензија

HMD Global покрај амбицијата да ја направи Nokia повторно релевантна во врвната смартфон конкуренција, не заборави и дека некогаш финскиот бренд беше најпродаван на пазарот токму благодарение на најевтините мобилни телефони кои беа вистински хит и секој сакаше да ги поседува пред петнаесетина година. Врз база на таа традиција HMD Global продолжува со последниот „буџетарски“ телефон Nokia 1 кој со самото име доволно говори што има да понуди, па затоа во продолжение подетално ќе ги разгледаме неговите можности. 

Дизајн

Nokia пред да „падне“ во рацете на Microsoft имаше своја естетика и препознатлив изглед на поевтините телефони, па се чини дека сега HMD Global црпи инспирација токму од класичните модели. Nokia 1 е токму таков спој на препознатливата естетика, со неколку модерни елементи, особено впечатливи се црвената и сината боја на маската со изразени овални линии. Nokia 1 е мало, но корпулентно телефонче со дебелина на профил од 9,5 милиметри.

Дисплеј

Како што веќе кажавме Nokia 1 е мало телефонче со IPS LCD дисплеј со големина од само 4.5 инчи што е вистинска реткост на денешниот пазар на смартфони, кога дијагоналите се многу поголеми и постојано растат. Nokia 1 има едноставна резолуција од 480 x 854 пиксели што е под вообичаениот HD стандард, но со 218 ppi за „сламка“ го исполнува Retina стандардот па така има пристојна слика иако не треба да очекувате огромна деталност на содржините. 

Перформанси

Nokia 1 како смартфон во основната класа доаѓа со четири-јадрениот Mediatek MT6737M процесор со работен потенцијал од 1.3 Ghz, надополнет со Mali-T720 графичка карта, пристојни 1 GB RAM за подобро активирање помеѓу различни апликации и сервиси, како и 8 GB вградена меморија. Смартфонот исто така има и слот за microSD картичка за дополнителни 128 GB меморија, а истиот слот служи и за втората SIM картичка ако ви е потребна, однсоно ќе мора да изберете помеѓу нив. 

Nokia 1 има 4G LTE конекција па така ќе може да се поврзете за побрз мобилен интернет. Li-Ion батеријата има капацитет од 2150 mAh што на прв поглед се чини дека е малку, но поради малите хардверски побарувања нема така брзо да се празни. Истата може да ја остраните, па ако имате резервна ќе може да ја искористите во неопходни моменти.

За софтверот е активирана Android 8.1 Oreo специјална Go верзија на оперативниот систем наменета токму за поедноставни и помалку моќни смартфони, па така благодарение на Google ќе добивате поредовна софтверска поддршка со функционален и „чист“ кориснички интерфејс. 

Камера

Од камерите на Nokia 1 не треба да очекувате премногу, освен повремено правење на некоја фотка наменета за социјалните мрежи. Главната камера располага со скромен снезор од 5 мегапиксели помогната од LED блиц, со можност за снимање на видеа во 480p резолуција, додека пак селфи камерата е уште поедноставна со сензор од само 2 мегапиксели.

Заклучок

Nokia 1 е смартфон кој нема никакви амбиции да ги „навлече“ корисниците со ниската цена, туку многу јасно се поставени неговите хардверски параметри и е наменет за основната почетна класа на корисници на кои им треба многу евтин уред за повремено активирање на апликации или социјални мрежи. Nokia 1 би бил добар избор како прв телефон на вашите деца при што ќе знаете дека ги има сите комуникациски потреби, без да има дополнителни оптоварувања по семејниот буџет. ШТо мислите вие за Nokia 1?

Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm