Facebook знае се за вас, не заборавајте колку добро ве знае и Google

Објавено на 30.04.2018 во Рецензија


Facebook знае се за вас, не заборавајте колку добро ве знае и Google

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Можност за исклучување на опциите за следење;

 

Negatives:

- Google знае се за нас;



Целата рецензија

Главната тема на технолошката индустрија во последните 2 недели е Facebook - безбедноста и заштитата на личните податоци на интернет. Компанијата на Марк Цукерберг сега е во прв план, но мора да бидеме свесни дека своите лични податоци ги оставаме на голем број на интернет страници, а тие го следат секој наш чекор - каде сурфаме, каде се движиме, каква музика сакаме, а од сето ова многу знае и Google.

Google го изработи „глобалниот комерцијален систем за надзор“, при што количината на податоци што ја собираат за луѓето може да се спореди со американската Агенција за национална безбедност и други известувачки агенции, предупредува Џеф Честер од Центарот за дигитална демократија. Тој додава дека целта на оваа компанија е само една – да се биде лидер во дигиталното рекламирање, пазарот со вредност од 10 милијарди долари, поради што им се потребни сите информации за корисници со цел да би можеле да им прикажуваат прецизни реклами.

Дилан Куран, консултант за информациска технологија се обидел да анализира и да открие колку Google знае за нас. Тој ги побарал своите податоци од Google. И покрај долгогодишното искуство работа со интернет компаниите, останал шокиран кога дознал за колкава количина на информации станува збор. Откритието дека некаде постои толкава количина на информации за него и постојаното следење на се што прави е прилично непријатно. Тој вели дека сега му е јасно дека Google сака само да заработи пари, но проблемот е што еднаш некој ќе згреши и можеби тие информации ќе паднат во лоши раце.

Шокантно сознание за милиони луѓе

Станува збор за навистина неверојатна количина на лични информации – Google знае се за страниците на кои сурфал, неговите хобија и интереси, телесна тежина, заработка, константно е следена неговата локација и движење. Има и податоци за апликациите што ги користел, па дури и за датотеките што ги бришал. Ова е проблем со којшто се соочуваат милиони корисници на Google секој ден. Познато е дека Google ги следи локациите и движењето на корисниците, што е шокантно за многумина, но предупредува дека оваа компанија, барем колку што е познато, немала слични проблеми со приватноста на податоците на корисниците, како што ја имаше и Facebook.

Од Google ги предупредуваат корисниците за нивните услуги, дека мора да бидат свесни за поставките на приватноста. Редовно треба да се проверуваат преку опциите на „Мојот профил“, каде што се достапни алатките, кои на корисниците им овозможуваат контрола над приватноста на своите лични податоци.

Google: „Верувајте ни“!

Корисниците многу едноставно може да видат што се Google знае за нив – карта со приказ за движењето на корисниците, целата активност за пребарување и онлајн активностите на Google и YouTube, корисничкиот профил за рекламирање и апликациите што ги користат и управуваат со тие податоци. Опциите за следење може да се деактивираат и да се избришаат податоците што не сакаат Google да ги знае за нив и може да ги преземат сите податоци што се собрани за нив во текот на годините.

Од Google им порачуваат на корисниците дека може да им веруваат кога станува збор за заштита на личните податоци. Меѓутоа, овде треба да се предупредиме дека според правилата за приватност, компанијата Google може да споредува и одредени информации за корисниците со оние што се рекламираат, но не и приватните податоци.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm