Родители, со што ги смирувате децата, со мобилни или таблети?

Објавено на 15.03.2023 19:26 во Рецензија


Родители, со што ги смирувате децата, со мобилни или таблети?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Претерана употреба на таблети ја загрозува емоционалната когнитивност на децата;



Целата рецензија

Експертите често ги предупредуваат родителите дека не треба да се даваат во рацете на мали деца. Екранот има штетни ефекти и кај децата и кај тинејџерите. Со претерана употреба на смартфон, може да се појават негативни последици, на пример, опаѓање на концентрација и фокус.

Голем број истражувања се спроведени на оваа тема, уште пред пандемијата. Влијанието на екранот кај децата на возраст од 3 до 5 години е штетно. Истражувањето се концентрирало на фокусирањето на смирување на деца преку користење на екран, што е најчесто ефикасна тактика, но помага само на краток рок. На долг рок, на родителите им носи повеќе штета, одошто корист, особено за време на емоционалниот развој на децата.

Имено, се покажало дека децата што се смируваат со телефони и таблети кога се нервозни, во текот на следните неколку месеци, имале проблеми со контролирање на своите емоции и поголемите емоционални реакции на ситуациите во кои што се наоѓале, како што се нагли промени во расположението, нагласена импулсивност, итн.

Тоа се однесува најмногу на деца што веќе покажале „знаци на хиперактивност и силен темперамент“. Екраните краткорочно може навистина да ги смират децата, но поради нив децата не можат да развијат свој начин на контрола на своите емоции. 

Таквиот привремен начин на смирување на децата изгледа како безопасна алатка за намалување на стрес во домаќинствата. Меѓутоа, доколку често се практикува, може да се добијат негативни последици на долг рок, предупредува Џени Радески, педијатарка од Универзитетот Мичиген, која што учествувала во истражувањето. Таа става посебен акцент на екранот во раното детство кога со користењето на екранот може да се пропушти шансата за развој на независните и различните методи за саморегулација на однесувањето.

Проблемот е што овозможувањето на малите да седат пред екранот им помага на родителите и децата, но од друга страна може да ги мотивира да продолжат со таквата пракса. Мора да бидеме свесни дека екраните не може едноставно да бидат исфрлени од нашите животи. Што значи тоа? Со контролирано и умерена употреба, светлината од дисплејот нема да има штетни влијанија. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.