Европскиот дигитален здравствен пасош за здравјето ќе биде она што роамингот беше за телефонијата

Објавено на 17.03.2023 08:00 во Рецензија


Европскиот дигитален здравствен пасош за здравјето ќе биде она што роамингот беше за телефонијата

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Поедноставно следење на здравјето каде и да се движите;

 

Negatives:



Целата рецензија

Воведувањето на дигиталниот здравствен пасош во ЕУ, е како укинување на роамингот во телекомуникациите внатре во Унијата, истакнал претседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас. Европската комисија во мај 2022 година, го претстави предлог законот за ЕУ дигитален здравствен пасош.

Според овој предлог, секој граѓанин би можел самостојно да пристапи кон своите здравствени податоци во електронска форма, да ги сподели своите здравствени податоци со лекарите во својата земја, но и во другите земји членки. Исто така ќе може да се додаваат податоци, да се исправаат грешки, да се ограничи пристапот кон здравствените работници со своите податоци, но и да добијат информации за тоа како и со која цел се користат тие податоци.

Шинас, потпретседателот на Европската комисија за поттикнување на европски начин на живеење, очекува дека овој пасош за здравствени услуги ќе има ист ефект како што има укинувањето на роамингот во телекомуникацискиот сектор . Граѓаните на сите членки на ЕУ може да ги користат своите телекомуникациски услуги за иста цена што плаќаат и во своите земји.

Пред три години пандемијата го стопираше нашиот континент, животот на граѓаните драстично се промени, здравствените системи беа пред колапс, а општеството беше доведено до точка што не е видена досега. Пандемијата ни покажа дека дигитализацијата е клучна за иднината на здравството и здравствените системи на ЕУ. ЕУ дигиталниот здравствен пасош е еквивалент на „роаминг за здравјето“, на ист начин на кој што роамингот ги надмина пречките во телекомуникациите, овој предлог ќе го направи истото и за здравјето“, утврди Шинас на конференцијата на која во Брисел го организирал Томислав Сокол, задолжен за формирање на позиции во Европскиот парламент за тој предлог.

Сокол проценува дека тоа е најважниот законски предлог во областа на здравството за време на мандатот на  оваа Комисија и го повикува Европскиот парламент. 

Европскиот дигитален здравствен пасош претставува важен пресврт во дигиталната трансформација на здравството во Унијата. Смислен е со цел да креира дигитален простор, каде што граѓаните ќе може директно, едноставно и бесплатно да им пристапи на податоците во електронска форма, но и можностите да ги споделат своите здравствени податоци со лекарите во својата држава или во другите држави членки.

Така ќе се добие пристап кон подобра здравствена заштита, се разбира, сето тоа во согласност со безбедносните протоколи на највисоко ниво, кога станува збор за заштита на личните податоци. На тој начин исто така се поттикнува прекуграничната здравствена соработка и всушност го револуционизираме дигиталниот систем на ниво на ЕУ. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.