Samsung GALAXY S9 Plus: Софистициран како од филм со научна фантастика

Објавено на 26.05.2018 во Рецензија


Samsung GALAXY S9 Plus: Софистициран како од филм со научна фантастика

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Подобрена и зацврстена конструкција во дизајнот;
- Сензорот за отпечатоци е сега попрактичен;
- Точност на IRIS скенерот;
- IP68 сертификат за водоотпорност; 
- Безжично полнење;
- HDR Premium сертификат;
- Врвни и беспрекорни перформанси, дури подобри и од лаптоп;
- Попаметен Bixby; 
- Подесување на топлината на бојата; 
- Корисен dual messenger;
- Always-On дисплеј;
- Креирање на сопствен аватар преку AR Animoji;
- Live Focus;
- Квалитетни камери;

 

Negatives:



Целата рецензија

Новиот Samsung Galaxy S9+ пристигна со јасна желба за да биде прв и најдобар премиум модел за 2018 година. Веројатно веќе фрливте поглед на оценките па знаете дека оценките за Samsung Galaxy S9+ се едни од највисоките. Samsung S9+ е најкомплетниот модел на Samsung неколку години наназад, кој е еден од доминантните во конкуренцијата за 2018 година. Моделот е дефинитивно софистициран со неговиот IRIS скенер и технологијата за препознавање на лицето, исто како и сензорот за отпечатоци од задната страна, исто како на филмовите со научна фантастика.

Дизајн и дисплеј

Samsung Galaxy S9+ е сличен по големината на S8+, кој има димензии од 158.1 x 73.8 x 8.5мм, додека S8+ е со 159.5 x 73.4 x 8.1мм, што значи за 1.4мм е повисок, за 0.4мм потенок и за 0.4мм потесен. Во пракса ќе почувствувате дека S9+ е потежок, што не е лошо, затоа што поголемата маса остава впечаток на цврстина и квалитет. Добивате USB-C кабел, брз полнач, AKG слушалки, micro USB /USB-C adapter и USB/OTG конектор. Samsung Galaxy S9+ е моментално достапен во црна, сина и виолетова боја, што се навистина неодоливи. 

Од задната страна имате двојна камера и сензор за отпечатоци, кој е сега под камерата, не покрај неа, како што беше досега, а Bixby копчето е се уште тука. Samsung направи невидливи промени во конструкцијата на мобилниот со цел да ја зголеми цврстината. Заштитното стакло сега е подебело за 20% , а рамката е изработена од авионска алуминиумска легура. Сигурни сме дека корисниците ќе се многу среќни за оваа новост, затоа што заоблените дисплеи беа скапи за поправка, што значи дека сега поретко би оделе на мајстор за ваков случај, поради повисоката заштита.

Samsung S9+ го задржува 3.5мм аудио излез, што ќе го ценат сите корисници со квалитетни слушалки. Отворот за звучникот сега е поголем, со добра причина, а звучниците се прекрасни, додека остатокот на типките се стандардно лоцирани на истото место.

Покрај камерата има LED блиц и оптички сензор за мерење на отчукувањата на срцето, стрес за количеството на кислород во крвта, додека од предната страна е IRIS скенерот, LED нотификациската диода и селфи камерата, која се употребува и за препознавање на лицето. Новост е што IRIS скенерот и препознавањето функционираат заедно, а Samsung одбира која е побрза и подобра опција. Препознавањето на лицето е брзо и точно, но со малку светлост, подобар е IRIS сензорот, освен ако не носите очила.

Galaxy S9+ располага со IP68 сертификат за водоотпорност и безжично полнење. Поседува огромен 6.22 инчен, Super AMOLED екран, со HDR Premium сертификат, резолуција од 2960 x 1440 пиксели и широк спектар на бои од дури 113% DCI-P3. На силна сончева светлина е лесно видлив и немате проблеми овде. Одлична е опцијата за дополнително подесување на топлината на боите, што е особено добро за дифолт подесениот режим. Почетната резолуција е подесена на FHD+, за да се заштеди енергија. 

Always On екранот е се уште одлична работа, која е дефинитивно практична и ви штеди време и батерија. Samsung е тука одличен, благодарение на OLED технологијата која ги вклучува само потребните пиксели, кои поради тоа може да бидат посветли и повидливи отколку на LCD. Автоматскоот регулирање на светлината функционира брилијантно, Samsung Galaxy S9+ ги памти сите ваши рачни доработки на светлината од околината, што е многу добар трик.

Хардвер и батерија

Под хауба деветката плус има Exynos 9810, 64 битен осум-јадрен процесор (4 x 455 MHz – 2.7 GHz Mongoose M3 & 4 x 1.8 GHz Cortex-A55), изработен по 10nm производниот процес. Поседува 6GB LPDDR4 RAM меморија, плус 64GB внатрешна меморија за лични податоци, која може да се зголеми со помош на microSD картичка. 

Траењето на батеријата е подобрено во споредба со Samsung S8+, имајќи го предвид поголемиот екран (6.22″) и подобрените перформанси, кои може да се мерат дури и со јачина на лаптоп, просечното времетраење на батеријата од 6 часа со вклучен екран е многу добар резултат. Тоа значи дека S9+ без проблем ќе издржи цел ден и со многу малтретирање. Сурфањето ви одзема околу 10% струја на час, а гледањето на Youtube и Netflix на WiFi 8-12%, играњето игри 15% од час. Брзиот полнал го полни Samsung S9+ за 108 минути.

Софтвер

Samsung Galaxy S9+ доаѓа со прединсталиран Android Oreo 8.0, кој е модифициран со Samsung Experience UI 9. Оперативниот систем функционира беспрекорно и нема проблеми со вчитување на игрите или било каква активност, при што повремено треба да ја чистиме RAM меморијата доколку дојде до забавувања. Experience UI 9.0 има многу доработки во конфигурацијата на тастатурата, подобар пребарувач, попаметен Bixby, подесување на топлината на бојата, корисен dual messenger, да ја поставувате резолуцијата на DeX, итн.

Сега има и AR Animoji, креирање на свој виртуелен аватар. Samsung после креирањето ги снима во GIF формат со различното расположение на вашиот аватар. Значи, софтверскиот сегмент на Samsung овде е одличен, кој со неговата оптимизација функционира без мани. Bixby е многу корисен, кој сега ви креира емоџија, инсталира програми, при што најинтересни се Bixby Vision и translate.

Bixby Vision се обидува да го препознае објектот во живо, гледан преку објективот на камерата и ви дава дополнителни информации или линк. Translate ги препознава и преведува странските јазици. Bixby Vision прави грешки наводно, но со текот на времето се подобрува, исто како Translate.

Samsung и Disney ги оживеаја омилените ликови Disney во форма на пиктографи за изменета реалност, AR emojis, при што корисниците ќе можат директно да им пристапат на славните Мики Маус и Мини Маус, за да креираат персонализирани пораки, а сето тоа преку AR emoji функцијата на камерата на телефонoт. Покрај Мики Маус и Мини Маус, тука се и ликовите на The Incredibles, Zootopija и Frozen.

„Со поставувањето на нашите ликови и приказни за новата дигитална платформа, создаваме секојдневно доживување на Disney светот, на било кое место каде што се наоѓа нашата публика. Ова ни овозможува да привлечеме нови генерации на обожаватели. Дизни “АР емоџи“ – пиктографите за изменета реалност нудат иновативен пристап до содржините за Samsung Galaxy S9 и S9+ и еден забавен начин да внесете малку магија во испраќањето на пораки“, изјави Џон Лав, Потпретседател на Секторот за Aпликации во Потрошувачката и Интерактивна Медиумска Компанијата на Disney.

Камера

Селфи камерата на Samsung S9+ има Live Focus, односно bokeh ефект. Има одличен квалитет, без разлика на тоа што е софтверска обработка. Супер забавно е тоа, затоа што Samsung направил софтверски активатор, кој детектира движење во успорено видео.

Samsung има 1/2.55″ сензор на главната камера, со 1.4 микронски пиксели, што резултира со Super Slow Mo видео, каде 0.2 секунди се развлекуваат до шест секунди (960 FPS). 

Отворот на блендата е променлив на главната широкоаголна камера, кој може да биде до F1.5 за слаби светлосни услови и F2.4 кога има силна светлина. Тоа ни дава квалитет на фотографиите во секакви светлосни услови. Новост е 4K видеото со 60 FPS, кој е единствен во светот на Android. Со такви поставки ќе правите одлични и неверојатни видео снимки. Двете задни камери се со 12.2MP + 12.2 MP, додека предната камера изнесува 8MP, која поседува и автофокус.

Заклучок

Samsung S9+ ги презема сите добри нешта од претходниците и додаде иновации што смартфонот го прави со одличен дизајн, топ перформанси, подобрени камери и доработен софтвер. Сензорот за отпечатоци сега лесно се користи, IRIS и Face Recognition функционираат во тандем, батеријата трае до 6 часа со постојано вклучен дисплеј, а тука го имаме и неодоливиот квалитетен звук, како од стерео звучниците, така и од 3.5мм излез со приложени AKG слушалки.

Екраните кај предводниците на Samsung се најдобри уште од времето на Note 4, па така тука нема никакви изненадувања. Сега дизајнот е цврст и телефоните се со неодоливи бои. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm