Дали знаеме што се тоа ботови и каде се наоѓаат?

Објавено на 23.03.2023 10:20 во Рецензија


Дали знаеме што се тоа ботови и каде се наоѓаат?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Ботовите овозможуваат информација или бесплатно или за евтина сума на пари;
+ Ботовите функционираат со вештачка интелигенција;
+ Ботовите имаат неограничена количина на информации;

 

Negatives:



Целата рецензија

Тргувањето со помош на ботови според проценките на експертите чини и до 40% од вкупниот промет на берзите, а се користат и во тргувањето со криптовалути, но се широко распространети и во секојдневниот живот на корисникот на интернет.

Бот е скратено име за компјутерска програма на интернет или некоја друга мрежа што може да комуницира со системи или корисници, а одредено дејство го извршува самостојно.

Опкружени сме со интернет ботови, чиј опсег на „професии“ се протега од чет ботови (најпознат во моментот е ChatGPT), па се до оние што управуваат со берзите. 

Ботовите често вклучуваат елементи на вештачка интелигенција, а најдобар пример за тоа е ChatGPT, кој што може да положи правосуден или факултетски испит. Опсегот на неговата интелигенција е се уште непознат, а го користат многу учесници, студенти и млади луѓе.

Ботовите ги користиме на различни начини, па и за плаќање на сметки, испраќање на пари и како корисничка поддршка што работи од 0 до 24 часот.  Ботовите може да бидат и добри и лоши. Ги користат најосновните задачи на интернет како што се пребарување, и најсложените задачи како што се деловни трансакции. Ги произведува и Google, иако по правило нивните автори се самостојни компјутерски девелопери.

Лошите ботови се различни, од малвер до организирана група на ботови, чија цел е да се вгнездат во туѓи системи. Тие ботови се некои програми што се инсталираат во туѓите системи, со цел да напаѓаат веб страници.

Може да имате околу десет милиони такви програми низ светот и некој може да плати со нив да се сруши веб страница, која дотогаш имала вкупен промет до сто кликови и не може да поднесе толкав промет.

Имаме ботови за се, па дури и за тргување со криптовалути. Најпознати од нив се Pionex, Crypto Hopper, Bitsgap. Се разбира, за ботовите се предвидува дека се повеќе ќе се интегрираат во нашите животи, од информатиката, па се до медиумите.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.