Остануваат ли децата без детство поради социјалните мрежи

Објавено на 25.05.2018 во Рецензија


Остануваат ли децата без детство поради социјалните мрежи

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Подигнување на свеста и разговарање со децата;

 

Negatives:

- Лошо влијание за когнитивните способности на децата;



Целата рецензија

Напредокот на технологијата може да ни донесе многу добро во животот, но и да ни наштети исто така. Социјалните мрежи имаат многу предности, но и негативни влијанија врз младите и децата, а научниците сега предупредуваат дека се повеќе поради модерните уреди и модерниот начин на живеење децата немаат детство какво што возрасните имале.

Децата денес се повеќе време поминуваат во друштво на своите смартфони, отколку во друштво со своите врсници. Всушност, смартфоните се средство за комуникација со нивните врсници, но и многу брзо може да станат главна причина за исмевање и исклучување од друштвото. Императив е да го имаат најновиот, најдобриот и најскапиот смартфон како статусен симбол.

Ако ги додадеме и социјалните мрежи, кои би требало да бидат забранети за оние под 16 години, всушност не би можеле да одговориме како би се вршела таа контрола и кој и како ги користи. Споделувањето на личните податоци, притисокот од општеството да се објават фотографии, коментарите на тие фотографии, сајбер насилството... истражувањето спроведено во Велика Британија открива дека секое осмо дете на возраст од 8 до 17 години, објавило селфи на секој час.

Зависноста е присутна во цел свет

Истражувањата велат дека и на Балканот, 6% од децата во предшколска возраст имаат сопствен мобилен телефон. Значи, децата што уште не одат на училиште, не сфаќаат колкав ризик носи мобилниот телефон. Над две третини од предшколарците користат мобилен и таблет, а особено не загрижува тоа што дури 40% од децата во Хрватска го минуваат времето пред екран и пред својот прв роденден. Две третини од децата користат мобилен и компјутер без надзор, а дури три четвртини таблет, што значи дека нивното детство е целосно различно од она на нивните родители. 

Социјалните мрежи - начин на комуницирање

Проблемот е тоа што 45% од децата во предшколска возраст самостојно и без надзор од родителите користат интернет. Постарите деца дневно поминуваат и по неколку часа на интернет и на социјалните мрежи. Колку постаро е детето, толку повеќе времето поминато на социјалните мрежи се зголемува. Истражувањата покажуваат дека тинејџерите што минуваат долго време на интернет се помалку среќни од оние што се занимаваат со други активности.

Децата и тинејџерите, кои всушност и не треба да ги користат социјалните мрежи, но сепак ги користат, истите социјални мрежи ги сфаќаат како нормален дел од својот живот. Вообичаено е да се слушнат децата кои на излегување од училиштето и се поздравуваат едни со други со: „Одам дома, па се гледаме на Facebook/Snapchat/Instagram“. Луѓето се прашуваат зошто нивната ќерка прави по 10 илјади фотографии дневно, но не сфаќаат дека таа на тој начин разговара, вели основачот на Snapchat, Иван Шпигел. Фактот дека ќе направите 100 фотографии со вашиот смартфон, со цел да објавите само една слика и така ја испраќате на своите врсници, е нормално за нив. 

Сите се свесни за проблемот

Проблемот со „дигиталното детство“ не г изагрижува само родителите на децата што се заслепени од екранот на компјутерот или смартфонот. Аналитичарите предупредуваат дека малите деца не можат да ја сфатат комплексноста на онлајн врската и пријателството, затоа што уште не ја сфатиле комплексноста на истите тие врски во реалниот живот. Големите компании како што се: Google, Apple и Facebook, сфаќаат дека е потребно нешто да се направи со цел проблемот да се намали. Прашање е исто така дали нивните мерки навистина ќе имаат влијание и ефекти.

GDPR од денеска стапи на сила во Европа. Тој ќе ги примора технолошките компании да ги променат своите правила на користење. Така, никој помлад од 16 години не би требало да ги користите нивните услуги без дозвола од родителите. Сите родители знаат дека е многу тешко да се каже на детето дека не смее да користи WhatsApp со цел да биде во контакт со него, но да не се допишува со други.

Заклучок

Можеби е најдобро решение да им се постават јасни правила на децата уште од мали нозе и да им покажете со сопствен пример. Да, технологијата е интересна и може многу да помогне во развојот и едукацијата, но исто така има и мрачна страна со која сите мораме да се соочиме. Разговарајте со децата лице во лице за сите добри и лоши страни на интернет, технологијата и социјалните мрежи.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm