Краток водич за користење смартфон за венчавка

Објавено на 27.05.2018 во Рецензија


Краток водич за користење смартфон за венчавка

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Квалитетно фаќање на вистинските кадри;
- Активно учество на свадбената церемонија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Сте размислувале ли за тоа колку е пристојно да користите фотоапарати или мобилни телефони во такви ситуации? Постои тврдење дека правилата се тука за да се скршат, но за ова треба понекогаш и да се водите по некои непишани правила, што ќе ве насочат како креативно да го одбележите свечениот љубовен настан. Samsung изработил краток водич за употреба на смартфоните и камерата кога станува збор за најважниот ден во животот на младенците:

1. За време на самата церемонија избегнувајте фотографирање, затоа што секогаш има професионален фотограф за таа намена. Уживајте во моментот, а својот мобилен телефон држење го на сигурно, во чанта или во џебот. Не заборавајте да го намалите звукот на телефонот.

2. Вистинскиот момент за фотографирање што сите нетрпеливо го очекуваат е излегувањето на младенците после церемонијата од венчавката. Тогаш може овој момент да го одбележите со фотографирање со смартфонот. Ова е добра прилика за да ја пробате Super Slow-mo функцијата за снимање, што ви ја нуди смартфонот, затоа што тогаш најчесто се фрлаат конфети, лисја од рози или ориз. Идеален момент за да направите снимка што ќе се памети.

3. Селфи моментот е кога ќе почне забавата после церемонијата. Додека младенците ги нема, односно се преслекуваат или имаат фотосесија, искористете го моментот за селфи, затоа што, да бидеме искрени, сите сакаме да покажеме колку убаво сме се дотерале за прославата на љубовта на нашите најмили и на колку прекрасна локација се наоѓате. Кога ќе се појават младенците бидете повторно со нив и дружете се, а другиот бран од селфи фотки нека почека.

4. Смартфонот на масата? Не. Дури и за работохоличарите, смартфонот на масата е неприфатлив. Обидете се да се вклучите во разговорот со лицата што се наоѓаат на вашата маса, а ако не ви одговара и тоа, секогаш може дискретно да се извлечете со вашиот смартфон или да пронајдете подобро друштво.

5. Моментот за свадбената торта е уште една шанса за фотографија што не смеете да ја пропуштите. Ова може да биде прилика за снимање на интересно видео доколку одберете добар агол. На пример, снимката на младенците од грбот може да биде вашата уникатна перспектива.

6. Вечерната забава е извонредна прилика за да го снимате моментот, но и да направите фотографии на минимална осветленост. Меѓутоа, секогаш проверете со лицата што се наоѓаат на снимката, дали смеете да ја споделите содржината на социјалните мрежи, со цел да немате непријатни ситуации.

7. Ако останете на афтер-парти, задолжително снимајте ги најинтересните моменти. Но, немојте да ги споделите пред да испиете убаво црно кафе и Aspirin од следното утро. 

Заклучок

Се разбира, секогаш добро забавувајте се и не изостанувајте од забавата. Многу вљубени парови, најмногу поради разбудената природа, весело расположение и сите поживи атмосфери, го кажуваат судбоносното „да“ во пролет и лето. Задолжителниот дел од секоја венчавка е фотографирањето. Секој гостин, на некој начин, сака да ги одбележи убавите моменти од венчавката.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm