Huawei FreeBuds 5i: Мали, лесни, напредни и евтини

Објавено на 24.04.2023 19:38 во Рецензија


Huawei FreeBuds 5i: Мали, лесни, напредни и евтини

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Квалитетен звук;
+ Прифатлива цена;

 

Negatives:



Целата рецензија

Huawei постојано ги подобрува своите безжични слушалки, со секоја нова верзија има подобрувања во звукот, ергономијата, опциите и дизајнот/удобноста за носење. Последната верзија на безжични слушалки, FreeBuds 5i се најудобни за носење досега, а истовремено го нудат и најдобриот звук.

Во Huawei слушале и повратни информации од корисниците, па наместо блескави површини на куќиштето на какви што сме навикнати досега, овој пат имаме мат површина со нежно сина боја во вид на камен. Куќиштето не е толку лизгаво и отпорно е на отпечатоци на прсти.

Freebuds 5i на прв поглед имаат линија каква што досега не сме виделе во претходните верзии. Куќиштето со јајчаста форма, на надворешната страна има влез за полнење USB-C, ламбичка што сигнализира ниво на батерија (црвена за малку батерија, портокалова боја за околу 50% батерија и зелена за високо ниво на наполнетост на батеријата) и физчко копче што се користи за поврзување со други уреди преку Bluetooth.

Внатре во куќиштето се наоѓаат две безжични слушалки, кои се најлесните слушалки на Huawei досега. Доаѓаат со силиконски продолжетоци во три големини, кои што може да ги менувате со цел да го пронајдете оној што најмногу ви одговара. Тука може да ви помогне да ве советува апликацијата на Huawei - AI life.

Кога ќе ги поврзете слушалките со мобилен уред преку Bluetooth, и AI life апликацијата, во апликацијата одбирате слушалки и Tip fit test опцијата. Ги ставате слушалките на ушите и почнувате со тестирање. Така се тестира опцијата за уништување на бучавата и квалитетот на звук, а апликацијата ќе ви јави дали тие силиконски продолжетоци се соодветни за вас. Ако не ви се удобни, секогаш може да ги прилагодите.

FreeBuds 5i имаат IP54 сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина, но не толку што ќе може да ги носите во базен или туш. Ако во градот ве фати дожд, нема да престане да функционира. 

Едноставна употреба

AI Life апликацијата е за поврзување со Android и Apple смартфони, додека на Huawei уреди со EMUI 10 или понови, односно Harmony OS 2.0 систем, сам ги препознава слушалките и веднаш може да ви понуди поврзување. Слушалките може да се поврзаат и со лаптоп, односно таблет, па така истите слушалки може да се користат за повици на мобилен телефон и учество во видео повик или гледање на омилената серија на компјутерот или таблетот.

Благодарение на dual Bluetooth, FreeBuds 5i може истовремено да бидат поврзани со два уреда, што значи дека лесно може да се префрлите од еден извор на звук на друг. На самата апликација може да проверите со кои уреди се поврзани, со помош на едноставно допирање на прстот, со цел да се префрлите од еден на друг уред.

FreeBuds 5i имаат поддршка за управување преку допир. Тоа значи дека не мора да го вадите вашиот смартфон од џебот или чантата со цел да се јавите на повик, да промените песна или количество на звук. Гестовите ги дефинирате во самата апликација, а ако сте еден од оние што постојано ги допираат случајно слушалките, може да ги исклучите гестикулациите и мирно да типкате низ слушалките, без да го исклучите повикот или да ја промените песната.

Брилијантни слушалки со прифатлива цена

Слушалките на Huawei се удобни за носење и имаат прилично добар звук за секојдневна употреба и куќиштето не се лизга лесно од рацете. Ако земеме во предвид дека Huawei FreeBuds 5i може да бидат поврзани со два уреда истовремено, без разлика дали се работи за Android, Apple или Microsoft, имаат активно поништување на бучавата и чинат помалку од 100 евра, тогаш навистина е тешко да им се најде лоша забелешка. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.