Сите „скриени“ кодови за мобилни телефони

Објавено на 18.06.2018 во Рецензија


Сите „скриени“ кодови за мобилни телефони

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Полесно наоѓање на податоците што ни требаат;

 

Negatives:

- Можност за блокирање на телефонот доколку не сме информирани како се управува со кодовите;



Целата рецензија

Вашиот телефон крие многу тајни до кои може да дојдете преку одредени кодови, што ја имаат својата функција и не ја користат сите. Не сте експерти за телефони, но може да употребите некои кодови и да дојдете до некои скриени податоци. Еве некои од нив.

#06#

Овој класичен код би требало да работи на сите телефони. Тој служи за покажување на IMEI број (International Mobile station Equipment Identity), единствен за секој уред. Корисниците не смеат да го споделуваат со никој друг.

#07#

Ова е универзален код, исто како претходниот, кој служи за прикажување на SAR (Specific Absorption Rate) вредностите на уредот, или како што се вели: „колку зрачи телефонот кога работи“.

#0*#
 
Првиот сервисен код за Samsung телефони. Тој ја отвара можноста за тестирање на LCD, хардвер и многу други делови на уредот. Менито што се отвара со овој код главно му пристапуваат сервисерите кои треба да испитаат што не функционира со уредот: може да ги тестирате боите, вибрацискиот мотор, камерата, екранот чувствителен на допир, звучниците и сите други сензори.

#1111#

Со внесувањето на овој код корисникот ќе ја види верзијата на софтверот инсталиран на телефонот.

#2222#

Овој код ќе ја прикаже хардверската верзија на уредот.

#1234#

Овој код ги прикажува PDA и firmware информациите како верзиите за AР, CP и CSC.

#12580*369#

Наменет е за прикажување на PDA и firmware, со додаток за хардверски информации како шт осе RF cal и HW Rev.

#7353#

Со овој исто така може да се активира тестирањето на сензорите на телефонот и додатоците во уредот, како што се вибрациите, екранот, сензорот за осветлување, акцелерометарот и друго.

#0011#

Овој код ќе го прикаже статусот на GSM мрежата (регистрациски статус, појас и друго).

#0228#

Кого го интересираат техничките спецификации во врска со батеријата на уредот, вреди да го проба овој код.

#9090#

Овој код ќе овозможи контрола во напредните дијагностички параметри како што е RAM-от и слично.

#7412365*

За повеќе информации за firmware камерите на уредот, вреди да се употреби овој код.

#34971539#

Овој код исто така ги прикажува деталите во врска со камерата, но во многу повеќе параметри и со можност за надградба на firmware-от. Меѓутоа, се советува дека опцијата за надградба да не ја користите.

#0808#

Со овој код може да се управува со USB врските на уредот. Како и во поранешниот случај, не го користите освен ако не знаете што точно сакате да направите.

#9900#

Овој код овозможува влез на таканареченото System Dump мени што може да се искористи за многу понапредни опции. Со ова се служат мобилните ентузијасти.

#2663#

Секоја компонента има свој софтвер што управува со него, а екранот не е исклучок. Со влегувањето во менито, со овој код ќе се отвори можност за надградба на TSP и TK firmware (Touch Screen и Touch Key), но со тоа што вреди да се биде внимателен.

#22558463#

Кој сака едноставно да го ресетира вкупното време на разговори на уредот може да се послужи со овој код. Возможно е да се пристапи кон опцијата и без код, со влегувањето во менито Call log > More > Call Duration > Reset.

#272*IMEI#

Со овој код може да се прикаже и промени CSC кодот (Sales Code) на уредот. Ако не знаете за што е наменета оваа опција, ве советуваме да не чепкате тука.

#7465625*638*#

Ова е многу напреден код, што овозможува вметнување на Network Lock Control клуч. Не внесувајте овде ништо ако не знаете точно што правите.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm