Vivo X90 Pro: Предводник со моќен хардвер и фантастични фотографски опции

Објавено на 27.04.2023 19:54 во Рецензија


Vivo X90 Pro: Предводник со моќен хардвер и фантастични фотографски опции

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
9.8


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

+ Поддршка за eSIM;
+ Прифатлива цена;
+ Моќни перформанси;
+ Моќна камера;
+ Брзо полнење;
+ Водоотпорност;
+ Добар екран;
+ 120Hz;
+ Голема меморија;
+ 8K резолуција за снимање видеа;

 

Negatives:



Целата рецензија

Vivo X90 Pro има прифатлива цена и моќни перформанси. Ќе бидете импресионирани со неговите опции, кој дефинитивно сака да ја заостри конкуренцијата во високата класа на смартфони. Дизајнерите на Vivo внимавале на сите детали.

Дизајн

Првото нешто што го забележувате кога го земате телефонот во раце, е големата испакнатина на горниот дел од задната страна, т.е. големиот кружен модул за сместување на камерите. Камерата е еден од адутите што компанијата ги крие во ракав. На задната страна доминира веганската грапава кожа со црна боја, која што ви помага да не ви се лизне телефонот од рацете. Сите типки на телефонот се од десната страна за вклучување, за намалување и зголемување на гласот. 

Фокус на камерата

Станува збор за ориентирано фотографирање со “Zeiss” ознака, што значи дека Vivo се потрудил да го придобие легендарниот производител, а под него се наоѓа металната лента со ознака “Xtream Imagination” и уште два збора како потсетник дека камерите се производ од соработка меѓу Vivo и Zeiss. Главниот сензор на камерата е 1-инчениот Sony IMX989 сензор, 50MP сензор за фотографирање на портрети и широко-аголниот сензор со резолуција од 12MP. Резолуцијата на предната камера изнесува 32MP. 

Сниманите фотографии имаат одличен динамички распон, а имате и ноќен режим, кој одлично се снаоѓа во услови со слаба осветленост. Има прилагодена стабилизација на сликата, за што е заслужен специјалниот vivo V2 чип за обработка на податоци со внатрешно развиени алгоритми, со цел приказот на слики да биде поприроден со повеќе детали, што е речиси супер корисно за време на снимањето на ноќните фотографии.

Треба да се пофалат и макро фотографиите, системот сам препознава кога фотографираме предмети од голема близина и веднаш ги прилагодува поставките за камерите за фотографирање од голема близина. При снимањето на видеа, телефонот има поддршка за 8K и 4K видеа, чиј квалитет е одличен, дури и во услови на слаба осветленост.

Екран

Vivo X90 Pro располага со 6,78 инчен екран со резолуција од 2800x1260 пиксели и 120Hz фреквенција. Може да одберете и 60Hz, со што уредот станува енергетски ефикасен. На предната страна на телефонот имате мала дупка за селфи камерата. 

Прилагоден за гејмери

Vivo вградил MediaTek Dimensity 9200 процесор, кој се покажа како достоен за предводник. Сите операции на телефонот и играњето игри се одвива исклучително брзо, без кочење. Хардверот се состои од 12GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија. Vivo им посветил големо внимание на гејмерите. Во сетинзите имате многу опции за прилагодување во играњето. Може да активирате Esports режим, кој ги оптимизира поставките на екранот, ги блокира известувањата во апликацијата и се прилагодуваат хардверските ресурси за најдобрите гејмерски перформанси.

Пребрзо полнење

Vivo X90 Pro има батерија со капацитет од 4870 mAh, која се троши за еден ден, а се полни за само 28 минути, од 0 до 100%. Тоа се постигнува благодарение на полнењето од 120W, за што добивате комплет адаптер и кабел. За 10 минути батеријата со полнењето може да стигне до 53%, а после 20 минути до 86%.

Софтвер

Vivo X90 Pro има Android 13 оперативен систем и модифициран Funtouch OS кориснички интерфејс, оптички сензор за отпечатоци на прсти и IP68 сертификат за заштита од вода и прашина. Приклучок за слушалки нема, а ако немате безжични слушалки, сигурно нема да бидете разочарани со звукот на стерео звучниците.

Добар заклучок

Како што веќе сфативме, Vivo X90 Pro е смартфон што може да застане рамо до рамо со најсилните уреди на пазарот. Се разбира, не може да биде на ниво на најскапите смартфони во светот Samsung и iPhone, но во сите сегменти се потрудил да биде одличен и не можеме да му најдеме забелешки. Располага со одлични перформанси, фантастична камера и прифатлива цена. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.