LG G7 ThinQ: Пионер со вештачката интелигенција во камерата

Објавено на 25.06.2018 во Рецензија


LG G7 ThinQ: Пионер со вештачката интелигенција во камерата

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.8


Камера
10.0


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Секундарен дисплеј;
- Дизајн со засек;
- Always On-Display и енергетска ефикасност на батеријата;
- Напредна вештачка интелигенција со специјално Google Assistant копче;
- Сертификат за водоотпорност;
- Брзи перформанси;
- HDR10 4K снимање на видеа;
- Квалитетна камера со широка бленда;
- Двојна задна камера;
- "Super Bright" режим за потемни услови;
- AI CAM режим за препознавање на предметите;
- Портрет режим;
- 4К резолуција за снимање;
- Boombox звучник;
- Прифатлива цена;

 

Negatives:



Целата рецензија

Новиот модел на LG има супермоќи, и тоа е она што го прави различен и уникатен на пазарот. LG G7 ThinQ (изговорено „thin-cue“) овозможува фасцинантен дизајн и интеграција на неверојатна вештачка интелигенција. LG G7 има супер светол дисплеј, супер гласен звучник и супер широка двојна камера од задната страна.

Дизајн

LG G7 изгледа и се чувствува како премиум смартфон, кој има заштита на предниот и задниот панел со Gorilla Glass 5, додека металната рамка го заобиколува целиот уред. Има солидна конструкција, не се лизга кога го држите во рака, а IP68 сертификатот за водоотпорност го прави лесен за употреба кога одите на базен. Од задната страна се двојната камера и сензорот за отпечатоци. G7 го има во четири бои: црна, сива, розева и сина. 

Секундарен екран

Моделот има засек на својот дисплеј, кој овозможува максимизиран екран од предната страна, без да се зголеми телото. На ова место компанијата ги сместила датата, часовникот и известувањата, како посебно место за заштеда на екранот и неговото максимално искористување. Доброто е што ова се вклучува и исклучува по потреба, како што можете да видите на ГИФ сликата одоздола:

Екран

LG G7 ThinQ располага со 6.1-инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 1440х3120 пиксели, кој е најголемиот и највисокиот модел од сите досега во G-серијата. Имате простор во изобилство за слободно да ракувате со вашите апликации и да читате содржини на интернет. Боите на G7 се точни, добро се сатурирани и бидете сигурни дека ќе ви се допадне дисплејот. Максималната осветленост на екранот изнесува 1000 нити, што значи дека ќе немате проблем за време на силна сончева светлина. Како и претходните LG предводници, така и овој има Always-on Display, за покажување на времето и датата, со нотификациите, на секундарниот дисплеј за кого објаснивме погоре. 

Софтвер

Android 8 Oreo доаѓа со LG G7 ThinQ, интерфејс дизајниран од компанијата, кој е добро оптимизиран за практичност во неговото функционирање. Немате фиокар за апликации, туку сите апликации се сместени на почетниот екран, со тоа што може да ги распоредите сами со повлекување кон лево или кон десно. Имате Лебдечки Бар што беше презентиран со V30, што ви овозможува брз пристап кон апликации, контакти и други алатки. Кон известувањата не можете да пристапите со едноставно повлекување на екранот кон долната страна. Наместо тоа, имате универзален бар за пребарување, каде може да ги најдете сите информации што ви требаат.

Вештачка интелигенција

Имате специјално копче за активирање на Google Assistant и поддршка за Google Lens, кои ви овозможуваат визуелно пребарување со насочување на камерата кон одреден предмет. Имате и Smart Bulletin за да читате кратки вести наутро кога немате време, како и AI технологија за препознавање на сцена во апликацијата за камерата. Иницијативноста на LG за имплементација на AI технологијата во сите сегменти е одлична и голема вест во смартфон индустријата, поради што имаме големи очекувања од идните ThinQ-брендирани телефони, кои стануваат попаметни во иднина.

Перформанси

Snapdragon 845 е најдобриот процесор на Qualcomm, кој го зема своето место во LG G7. Телефонот покажува одлични резултати на бенчмарк тестовите. Поради тоа се одликува со беспрекорна брзина, како и поради неговата RAM меморија од 4GB. Овде имате 64GB внатрешна меморија, што може да се надополни со microSD картичка. Имате и LG G7+ модификација, која ќе биде достапна во одредени места во светот, со 6GB RAM + 128GB.

Камера

LG G7 има двојна задна камера со широка бленда. Примарната камера има резолуција од 16MP и F1.6 бленда, агол на гледање до 107 степени, што ви овозможува повеќе детали на фотографиите. Седмицата има една предна камера со 8MP, со прилично широки агли за опфаќање на повеќе детали. Апликацијата за камерата е богата со алатки, што фотографите ќе знаат да ги ценат, многу рачни контроли и опции за креирање на одлични фотки и видеа. Овде имате поддршка за HDR10 4K снимање на видеа.

Сликите се квалитетни, затоа што ги имате сите детали, изострени и лесно приметливи. Денските слики се профи, со одлична репродукција на бои, сатурацијата и контрастот. Во помрачни услови исто така имате квалитетни слики, кои, се разбира, не може да се споредат со оние што се фотографираат за време на силна сончева светлина. Имате "Super Bright" режим за потемни услови, кој ви овозможува повисок квалитет. 

LG G7 снима видеа со резолуција од 1080 пиксели и 30 фрејмови во секунда. Дигиталната и оптичката стабилизација на сликата резултираат со одлични снимки, а континуираното авто-фокусирање е брзо и флексибилно. Кога вклучувате да снимате во 4K резолуција, се исклучува софтверската стабилизација на сликата. Снимките сепак се одлични, само што оваа опција ќе ви биде исклучена и ќе треба повеќе пати да пробувате да снимате и да внимавате.

AI CAM режим

LG G7 ThinQ овозможува значително подобрени слики благодарение на AI CAM режимот, кој се обидува да препознае што сака да фотографира камерата и потоа сама се оптимизира, во зависност од она што го има во рамката. Ако фотографирате цвеќиња, AI CAM ќе ги зајакне боите, ако фотографирате некоја сцена со небо, тогаш деталите се заоструваат. Ако фотографирате документ, контрастот се зголемува за подобро читање.

Портрет режим

За прва пат во G-сериите го добиваме Портрет Режимот, кој ги замаглува деталите во фотографиите што не се важни од околните предмети. Така се фокусира на лицето што се самофотографира или на цвеќето или било што, што е во фокусот на вниманието. Резултатите се одлични, а границите меѓу предметите и позадината се одлично дефинирани, додека моќноста на деталите се подесуваат според ваш вкус, пред да сликате или после сликањето. Тоа значи висок степен на персонализација во сегментот на камерата. Вештачката интелигенција тука дефинитивно ви помага да креирате слики како вистински професионалци.

Boombox звучник

Quad DAC LG беше презентиран со G6 моделот, а го имаме сега и во G7. Овде имате репродукција на звук со висока веродостојност, со жични слушалки. DAC е способен за возење со висока-импеданса, аудиофилоскопски слушалки и еден „Boombox“ звучник, лоциран од долната страна. Тоа го прави моделот уникатен, што продуцира квалитетен звук, а со тестирањата се докажува дека G7 е еден од најзвучните телефони. 

Батерија

Секундарниот дисплеј со Always-on Display алатката овозможува висока енергетска ефикасност на батеријата. Батеријата има капацитет од 3,000mAh, а LG G7 покажал резултати од 6 часа и 30 минути на бенчмаркот. Со просечните корисници LG G7 ThinQ трае цел ден со нормално користење, зависно до кој степен до употребувате. Целосно до 100% се полни за 1 час и 47 минути. Имате технологија за брзо полнење и тоа ви овозможува за кратко да го наполните телефонот, како и безжичното полнење преку Qi-компатибилно лежиште.

Заклучок

LG G7 ThinQ има додавка во G серијата, што сака да започне поинаква приказна во споредба со своите претходници. Се разбира, јасно е дека сака да и даде примат на вештачката интелигенција, која помага во буквално секој сегмент во сите апликации. Кај камерата ова е најмногу изразено и тука имате безброј алатки за забава и профи сликање. Имате екстра брзи перформанси, многу можности и не толку висока цена, која изнесува 750 долари. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm