Опипливоста на екраните на допир се менува, ова не чека во иднина

Објавено на 09.05.2023 07:00 во Рецензија


Опипливоста на екраните на допир се менува, ова не чека во иднина

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Повеќе нивоа на притисок, односно опипливост на екранот;

 

Negatives:



Целата рецензија

Стручните лица од мулти-дисциплинарната истражувачка лабораторија Future Interfaces Group од Универзитетот Карнеги Мелон, известуваат дека идните екрани би можеле да се прават поопипливи на допир. Лабораторијата го споделила своето истражување со јавноста, кое што демонстрира екран на кој што може да настанат мали, физички испакнатини, кои што може да се почувствуваат и под прстите.

Ваквата нова технологија би можела да се употреби за тактилни известувања, скокачка тастатура, опиплива под прстите, за разлика од стандардниот рамен екран и типките што остануваат нагоре додека не се притиснат. Скокачките типки со прилагоден облик за управување со функциите на системот и многу други нешта.

Еден од прикажаните концепти вклучува и поп-ап музички интерфејс, кој ги прикажува подигнатите музички контроли за репродукција на звукот, додека другиот има копче на смартфонот што пулсира горе-долу, додека корисникот не го притисне. 

Инженерите развиле рамна плоча што користи минјатурни хидраулични пумпи за подигнување на површините преку течности. Со секоја пумпа може посебно да се управува и може посебно да се активира за создавање на динамични и тактилни длабнатини во компактен облик.

Станува збор за самостоен, лесен, релативно тенок хардвер со дебелина од 5 милиметри, кој што може да издржи сила со нормална интеракција со екран чувствителен на допир. 

Не е тешко да се замислат идните смартфони што би ја примениле оваа функција. Apple на пример, ги вгради тактилните вибрации за повратни информации што се базираат на допир и се користат за известувања и други повратни информации за системот. Оваа нова технологија ќе додаде уште една дополнителна димензија на нивните екрани.

Во секој случај, ова е интересен концепт на екран со јасно видлив потенцијал, т.е. опиплив концепт. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.