Како компјутерот дал отказ на вработен и не можеле да го вратат на работа

Објавено на 28.06.2018 во Рецензија


Како компјутерот дал отказ на вработен и не можеле да го вратат на работа

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Преголема контрола од страна на роботиката;
- Неинформираност за преземање на контрола од човечка рака;



Целата рецензија

Вештачката интелигенција, софтверите, роботите и автоматизацијата се најчестите зборови во светот на технологијата што се почесто ги слушаме. Роботите веќе ќе ги заменуваат постепено луѓето, затоа што ќе бидат поевтина работна сила. Имаме еден свеж пример со Ибрахим Диало, поранешен вработен во американска компанија, кој бил отпуштен од компјутер. Тој напишал на својот блог дека „автоматизацијата може да биде од голема корист за компаниите, но треба да постои начин со кој на луѓето ќе им се овозможи преземање на контрола во случај на грешка на компјутерот“.

Тоа го напишал врз основа на своето искуство од три недели поминати во пекол и срамот што го доживеал во компанијата, поради компјутер. Сето тоа почнало кога не можел да влезе во зградата со канцелариите од неговата компанија, затоа што картичката за отварање на главните врати не функционирала. Мислел дека станува збор за грешка на картичката, што и претходно се случувало. Вратата му ја отвориле луѓето од обезбедувањето, а непријатното изненадување го доживеал кога сфатил дека е одјавен од сите системи на компјутерите на компанијата кадешто работел и не можел да им пристапи на податоците. Се шокирал кога сфатил дека покрај неговото име стоела ознаката „неактивен“.

Вработена од човечки ресурси му рекла дека примила мејл со кој била известена дека неговиот договор е укинат и му ветила дека тоа ќе го реши брзо. Кога дошол на работа утредента, се уште го имал истиот проблем и не можел да му пристапи на системот. Потоа следел голем шок – после ручекот, двајца мажи му пријделе до неговата маса и го испратиле од зградата. Тешко е да се замисли непријатната ситуација што ја доживеал, додека го извадиле како крадец од зградата, само затоа што бил отпуштен. Никој, и никогаш не му кажал зошто добил отказ.

Компјутерот преземал контрола

На неговата шефица не и било јасно што се случува и таа самата не можела да му помогне. Таа ја контактирала службата за корисници за да ја поправи грешката во системот и да му овозможи пристап кон сите програми и податоци. Меѓутоа, системот бил дизајниран така што, автоматски го блокира тој што добива отказ и не може да влезе со картичката во зградата и добива забранет пристап кон податоците исто така.

Диало цело време добивал копии од мејловите што биле испраќани до неговите шефови и биле пишувани со црвена боја и во „стил без емоции“, а тој и шефовите дури после три недели откриле во што е проблемот. Компанијата порано минувала низ промени и некои луѓе, вклучувајќи го и бившиот шеф на Диало, добиле отказ, а додека бил на отказниот рок, бившиот шеф требало да му го продолжи договорот, но тој не го направил тоа. 

Потоа компјутерот ја преземал контролата, го означил како поранешен вработен и сите наредби се испратени автоматски, блокирана му е картичката за влез во зградата, деактивиран му е компјутерскиот профил на Windows и пристап кон сите системи. Со оглед на тоа што се обидел неколку пати да влезе во зградата со деактивирана картичка, компјутерот им испратил мејл на обезбедувачите да го исфрлат од компанијата.

Заклучок

Интересно е тоа што процесот не можел да се прекине и да се извести компјутерот дека станува збор за грешка, туку морал да ги добие сите нови податоци, исто како повторно да се вработува. Диало бил вратен на работа после три недели, но не добил плата за тоа време, па затоа набрзо дал отказ. Поради сите непријатности што ги доживеал и фактот дека останатите вработени се оддалечиле од него, бидејќи мислеле дека направил нешто лошо, му било премногу, а неговото искуство го опишал на блогот со цел да го предупреди светот за претераната автоматизација и што може да се случи ако компјутерите преземат контрола за носење на самостојни одлуки.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm