Huawei Y7 Prime (2018): Напредна безбедносна технологија за отклучување

Објавено на 29.06.2018 во Рецензија


Huawei Y7 Prime (2018): Напредна безбедносна технологија за отклучување

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.6


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Напредни алатки за безбедност во заклучувањето;
- Сензори за отклучување со лице и отпечатоци;
- Квалитетен и огромен дисплеј;
- Ниска цена;
- Вистински „Prime“ дизајн и камера;
- Двојна камера со многу функции;
- Долготрајна батерија;

 

Negatives:

- Слаб процесор;



Целата рецензија

Huawei Y7 Prime (2018) е смартфон наменет за младите корисници, затоа што има напредни способности со камерата. Тој е од средната класа, но доволно е достоен за да добиете супер искуство.

Дизајн и дисплеј

Новиот смартфон поседува Huawei Full View дисплеј, двојна задна камера и тониран селфи блиц, благодарение на кого корисниците може да креираат поквалитетни фотографии. Huawei Y7 Prime (2018) е опремен со традиционалниот прилагоден кориснички интерфејс EMUI 8.0, во продукција на производителот на телеофнот.

После најновиот развој во дизајнот на FullView екраните, Huawei Y7 Prime (2018) се вклопува во 5,99-инчениот HD+ HUAWEI FullView екран во 5.5 инчениот компактен систем, кој традиционално има екран со сооднос од 16:9. Односот на димензиите е 18:9 без граници, односно за 12.5% поголем од вообичаено, што на корисниците им овозможува поголем преглед. Со дебелина од 7,8мм, неговиот уникатен дизајн има атрактивни и мазни рабови. 

Сензор за лице и отпечатоци

Huawei Y7 Prime е опремен со технологија за прецизно отклучување со лицето и сензор за отпечатоци на прсти, кој функционира беспрекорно и брзо. Отклучувањето го покренуваат алгоритмите за препознавање на лице, водени од вештачката интелигенција, кои овозможуваат откривање на 1,024 точки, карактеристични за конкретно човечко лице и точно прецизирање на информациите.

Y7 Prime може да го отклучите и преку сензорот за отисоци на прсти, кој му овозможува на корисникот да го отклучи уредот за помалку од 0,35 секунди. Пробано, вистинито.

Камера

Кога станува збор за камерата, Huawei Y7 Prime располага со двојна камера од задната страна со 13MP + 2MP. Главната камера е 13MP, додека камерата од 2MP овозможува Bokeh ефект, по избор на корисникот.

Од дополнителните карактеристики за подобрено фотографско искуство, Y7 им овозможува на корисниците рефокусирање после фотографирање. Корисниците може рачно да го одберат фокусот со избор на Wide aperture на начин што ќе се осигура за објектите што не се во фокусот, да дојдат до израз.

Предната камера од 8MP со блиц е за автоматско осветлување, го осветлува лицето и го прилагодува количеството на светлина за селфито што треба да изгледа природно и производите дополнително го разубавуваат светлото кога сте во мрачни услови или во затворен простор.

Хардвер

Huawei Y7 Prime (2018) има 3GB RAM меморија, 8-јадрен Snapdragon 430 процесор со Cortex-A53 и 1.4 GHz, додека неговата внатрешна меморија за лични податоци изнесува 32GB. Моделот има интегриран систем со машинско учење, со што уредот го учи однесувањето и навиките на корисникот, со цел интелигентно да ги предвиди неговите потреби, обезбедувајќи му го соодветниот оперативен простор и подобар систем за изведба.

Huawei Y7 Prime (2018) има батерија со капацитет од 3000mAh, која на корисниците им овозможува континуирано гледање на видеа со траење од 13 часа или репродукција на музиката до 58 часа, податоци што се базирани на лабораториски тестирања. 

Заклучок

Huawei Y7 Prime (2018) е достапен во црна, златна и сина боја. Неговата цена во слободна продажба изнесува 170 евра. Значи, телефонот има навистина одличен дизајн, перформансите го ставаат во средната класа на уреди, но ние велиме дека е навистина Prime, исто како што сака да потенцира и самата додавка во името на моделот. Како ви се допаѓа?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm