Експертите: За 10 години, 40% од домашните работи ќе ги вршат роботи!?

Објавено на 26.05.2023 07:00 во Рецензија


Експертите: За 10 години, 40% од домашните работи ќе ги вршат роботи!?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Роботите се тука за да бидат од помош на човекот;
+ Роботот може да спаси дури 60% од времето поминато за домашни обврски;

 

Negatives:

+ Роботите ги преземаат професиите од човекот;



Целата рецензија

Луѓето се уште се плашат од идејата дека роботот целосно ќе не замени и дома и на работа. Како луѓето ќе егзистираат доколку голем дел од професиите што сега луѓето ги поседуваат, ќе бидат извршени од роботи? Вештачката интелигенција се повеќе зема замав на многу полиња.

Научниците од Универзитетот во Оксфорд и јапонскиот Универзитет Оканомизу, направиле истражување, дали роботите ќе го фрлат нашето ѓубре од дома, доколку веќе ни ја земаат и работата?

Роботските правосмукалки се најпродаваниот тип на роботи во светот, а како ќе изгледа овој пазар за десет години, се обиделе да дознаат во текот на разговорите со 65 експерти за вештачка интелигенција од Јапонија и Велика Британија. Во истражувањето се вели дека автоматизацијата би можела да ослободи многу луѓе со време што денес го минуваат со неплатени домашни работи.

Научниците добиле заклучок дека за 10 години околу 39% од времето што го трошиме за домашни работи, чување деца, нега и пресмукување, чистење на домот, ќе ги извршуваат роботите. Пазарувањето исто така ќе премине во автоматска работа на роботите за десет години, што ќе ни заштеди и до 60% од времето што денес го трошиме на купување.

Вештачката интелигенција најмалку треба да влијае врз работите како што се учество во едукација и следење на децата до училиштата или неа за постари членови на семејството и таа цифра изнесува околу 28%.

Екатерина Хертог, професорката по вештачка интелигенција и општествена наука од Оксфорд, вели дека уште од 60-те години на 20 век се зборува за замена на луѓето од страна на роботите за домашните работи. Таа потсетува дека се ветуваше и автономно возење: „Се уште не успеавме да направиме роботи што добро функционираат или автономни автомобили што управуваат со нашите непредвидливи патишта“. Сепак, треба да се нагласи дека во некои делови на САД, автономните автомобили сепак се прилично успешни.

Експертката Кејт Девлин, која не учествувала во ова истражување, за BBC изјавила дека поголема е веројатноста дека технологијата нема да ги замени луѓето, туку ќе им помага во извршувањето на секојдневните работи како што се бришење на прашина, фрлање на ѓубре, чистење и слично: „Тешко и скапо е да се направи робот што ќе извршува повеќе такви задачи.

Наместо тоа, поедноставно и корисно е да се направи технологија што ќе им помага на луѓето и ќе им асистира“, наместо да ги замени.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.