Huawei P60 Pro: Совршен телефон за љубители на фотографија

Објавено на 27.05.2023 07:00 во Рецензија


Huawei P60 Pro: Совршен телефон за љубители на фотографија

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.9


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Голем OLED дисплеј;
+ Kunlun стакло со зголемена заштита;
+ Убав дизајн, особено кај камерата;
+ 120Hz;
+ Камера со одлични фотографии во услови со слаба осветленост;
+ Моќен хардвер;
+ Телефонот може да полни и лаптоп;
+ Брзо полнење;
+ Huawei EMUI 13.1 ;

 

Negatives:

- Нема 5G технологија поради забраната од САД;
- Нема Google сервиси;



Целата рецензија

P-серијата на Huawei секогаш е супериорна кога станува збор за камера и перформанси. Новиот модел P60 Pro дефинитивно ја потврдува таа титула. Претставен е во Европа на почетокот на мај. Huawei P60 Pro привлекува со својот префинет изглед и не импресионира со своите способности.

Дизајн

Имавме прилика да го тестираме Huawei P60 Pro со уникатна бела позадина, односно Rococo Pearl. Се работи за позадина изработена од честички седеф, благодарение на кои уредот добива уникатен изглед. Црната верзија изгледа монотоно, но дизајнот на камерата е она што привлекува внимание, затоа што многу не потсетува на традиционален фото-апарат. 

Телефонот се одликува со уникатен дизајн со полиран метал што ги спојува предната и задната страна. На предната страна имаме OLED екран, заштитен со специјално осмислен Kunlun стакло, односно стакло што би требало да биде исклучително цврсто и да ги издржи дури и несмасните корисници. Huawei тврди дека отпорноста за оштетувања се зголемени за 10 пати.

Екран

Под цврстото стакло има OLED екран со големина од 6.67 инчи, фреквенција од 120Hz со одлични бои и автоматски се префрла од sRGB на DCI-P3. Температурите на бои прикажани на екранот за некои може да бидат премногу осветлени, но тоа може лесно да се подеси во поставките на самиот телефон. 

Камера

Huawei P60 Pro има главна камера од 48MP со автоматски отвор на блендата, што може и физички да се подесува, има леќа со висока пропустливост на светлина и RYYB SuperSensing сензор. Фотографиите се одлични, без разлика дали знаете да ја подесите камерата или сакате рачно да ги подесувате опциите. Нема да имате проблем ниту во светли услови, ниту во сенки, ниту во мрак. Фотографиите излегуваат брилијатни, а зумирањето ќе ве импресионира, кое дури и до 100 пати ја задржува јасноста на фотографијата. Вештачката интелигенција многу и помага на камерата, благодарение на XD Fusion Pro Texture Engine и Night Vision за фотографирање во услови со слаба осветленост.

Телефото камерата има сензор од 48MP со отвор на бленда од F2.1 и Ultra Lighting Lens Group за фаќање на поголема светлост. Ултра-широкиот сензор изнесува 13MP, кој најмногу доаѓа до израз кога снимаме макро фотографии. 13MP селфи камерата ќе ви ги исполни сите желби, затоа што има автофокус и така може да препознае дали се работи за една личност или повеќе. Селфи сликите се јасни и остри, како да се фотографирани со многу подобра камера. Со оглед на сето наведено, не е никакво изненадување што на DXOMARK телефонот добил 156 бодови за опциите со камерата, што го поставува на самиот врв.

Хардвер

Huawei P60 Pro има акцент на камерата и дизајнот, но не значи дека немаме добар хардвер. Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 процесорот е под хауба, имаме 12GB работна меморија и 512GB меморија за лични податоци. Се разбира, поради забраната од САД, телефонот доаѓа исклучиво со 4G поддршка, без 5G. Апликациите се отвараат беспрекорно, брзината на пренос на податоци најмногу зависат од самата мобилна и WiFi конекција.

Батерија

Huawei P60 Pro располага со батерија со капацитет од 4815mAh, која може да издржи до два дена со интензивно користење. Во споредба со другите производители, кои што веќе немаат полнач со своите уреди, Huawei ставил и полнал во кутијата со P60 Pro. Huawei SuperCharger адаптерот со брзина на полнење до 88W, не само што ќе го наполни уредот за половина час, туку може да послужи и за полнење на други уреди, како на пример лаптоп. Полначот има два влеза: класичен USB-A и новиот USB-C. 

Софтвер

Huawei P60 Pro доаѓа со Huawei EMUI 13.1 кориснички интерфејс, базиран на Android оперативен систем, без Google сервиси. Huawei AppGallery е сепак продавница со апликации, што веќе располага со голем број на апликации, чија цифра расте од ден на ден. Ако не можете да ги најдете апликациите што во интересираат директно во продавницата, ќе може да ги побарате и во Petal Search или ако толку ви се омилени Google апликациите може да го инсталирате GSpace и преку него да ги добиете Gmail, YouTube и слично.

Заклучок

Ако сте љубители на фотографија и важна ви е камерата на вашиот смартфон или снимате содржини за социјалните мрежи, тогаш дефинитивно Huawei P60 Pro е телефонот за вас. Удобен во рака, едноставен, со импресивен дизајн, одлични перформанси и брзо полнење. Фотографирањето има многу опции доколку сте страствен фотограф. Што би можел човек повеќе да посака?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.