Утопија или закана: Како ќе управуваме со супер-интелигенцијата!?

Објавено на 28.05.2023 07:00 во Рецензија


Утопија или закана: Како ќе управуваме со супер-интелигенцијата!?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Супер-интелигенцијата ќе се регулира со закон;
+ Супер-интелигенцијата ќе се заштити со закон за да има константен развој;

 

Negatives:

- Супер-интелигенцијата не смее да му наштети на човекот;



Целата рецензија

Генеративната вештачка интелигенција како што е chatbot-от ChatGPT, досега никој не остави да биде рамнодушен. Со своите можности ги надмина сите очекувања и кај најголемите AI оптимисти. Развојот на ChatGPT продолжува. Зголемениот и постојан развој во иднина наметнува мислење дека ќе имаме супер-интелигенција, т.е. системи базирани на вештачка интелигенција, која што ќе биде значајна во споредба со денешната генеративна вештачка интелигенција.

Кога тоа ќе се реализира и како ќе влијае врз светот во кој што живееме, не е познато и тешко е да се предвиди. Ако ја прашате екипата од OpenAI, компаниите што ги развила ChatGPT, не се далеку од тоа време, се предвидува дека ќе се случи за 10 години. Сем Алтмен, Грег Брокман и Илија Сатскевер размислуваат така, кои што објавиле заеднички на блогот на компанијата дека веќе треба да се размислува за времето во кое што ќе живееме заедно со таквата супер-интелигенција.

На блогот напишале дека едната причина зошто се развива вештачката интелигенција, е дека таа ќе не води во подобар свет во споредба со оној на кој што воопшто можеме да го замислиме и ќе се овозможи голем економски раст и зголемување на квалитетите на живеењето. Втората причина е што супер-интелигенцијата е невозможно да се спречи. Таа уште сега е дел од технолошкиот напредок за кој што сведочиме и бројот на корисници што ја применуваат секој ден се зголемува. 

Таквата интелигенција треба да ги надмине вештините на експертите во повеќето домени, со ефикасност каква што ја надминува способноста на луѓето, и тоа ќе биде најмоќната технологија во споредба со сите други технологии од минатото. Ќе ни овозможи драматично поголем просперитет, но јасно, со неа ќе бидат поврзани различни ризици. Тројката од вештачката интелигенција дури спомнува и егзистенцијални ризици, поради кои што не можеме да бидеме само реактивни.

Што се однесува до регулацијата на вештачката интелигенција, веќе мора да се преземаат чекори за да ја пречекаме спремни супер-интелигенцијата. Притоа е многу важно донесувањето на правилата, законите и регулативите, да не заштитат од делувањето на вештачката интелигенција, без да се ограничи развојот на вештачката интелигенција, која има огромен потенцијал.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.