iPhone 14 Pro Max: Најмоќниот смартфон на Apple од елитната единица

Објавено на 29.05.2023 11:32 во Рецензија


iPhone 14 Pro Max: Најмоќниот смартфон на Apple од елитната единица

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.8


Камера
9.9


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

+ Влез за една SIM картичка и можност за активирање за уште еден eSIM;
+ Dynamic Island;
+ Копче за Siri;
+ Квалитетен стерео звук;
+ Одлична камера;
+ Подобрен софтвер;
+ AlwaysON Display;
+ Моќни перформанси;
+ Можност за зголемвуање на меморијата;
+ Безжично полнење;
+ 30W брзина на полнење преку адаптер;

 

Negatives:

- Идентичен дизајн како претходниот телефон;
- Иста големина на екран;
- Висока цена;



Целата рецензија

iPhone 14 Pro Max е најмоќниот член од најновата елита на Apple. Најскап е и без дилема најдобриот Apple iPhone досега. Тој е најдобриот телефон што Apple го претставил досега. iPhone 14 Pro Max го воведе AlwaysON на екранот, преземен новитет од Android смартфоните и така го направи подобар телефон, а за прв пат имаме и сензор на камерата што надминува 12MP. Ајде да видиме зошто би го посакале iPhone 14 Pro Max.

Дизајн

Ако го погледнете од предната страна или странично, тешко дека ќе го разликувате iPhone 14 Pro Max од својот претходник. Модулот со тројна камера и рамните метални рабови се практично идентични, а уредот е исто така обемен за да го држите во рака. Модулот на камерата е зголемен, а од предната страна веќе и нема Notch. Има Dynamic Island, а рамките на екранот се потенки во споредба со претходникот. 

Dynamic Island е наречјето на Apple за она што го направи со два отвора во екранот, каде што се сместени Face ID и новата 12MP селфи камера со автофокус. На горниот раб се наоѓа отворо за звучник, кој во соработка со другиот звучник од долната страна, овозможува добар стерео звук. Од долната страна се наоѓа главниот микрофон и Lightning влезот за полнење на батеријата и синхронизација. Од десната страна има копче за Siri и од левата страна има влез за nano SIM. Со физичката SIM картичка може да додадете и eSIM. Американците ја користат претежно втората варијанта, а тука се уште не е толку популарна и покрај тоа што мобилните оператори ја нудат.

Екран

iPhone 14 Pro Max не се разликува ниту по екранот од својот претходник, има LTPO OLED панел со 1-120Hz и има имплементација на AlwaysON екран. Максималната осветленост на екранот изнесува 2000 нити, што е значително зголемување во споредба со претходниот модел. Добива два отвора за Face ID и селфи камерата, а Apple ги споил тие два отвора и ги нарекол Dynamic Island. 

Камера

14 Pro Max располага со 48MP главна камера, па хејтерите веднаш ќе кажат дека Android веќе има и камера од 200MP. Во секој случај, камерата од 48MP е брилијантна, која снима и фотки со 12MP. Во ProRaw режимот може да снимате со целосни 48MP, кои заземаат над 100MB простор од вашата меморија. Камерата има втора генерација на Sensor Shift стабилизација и снима максимална 4K резолуција со со 60fps. Користејќи го crop овој сензор нуди и 2x зголемување без губење на квалитет.

Позади има уште две камери по 12MP: ултра-широк сензор и 3X телефото камера. Репродукцијата на бои е одлична со сите три објективи. Селфи камерата од предната страна сега има и автофокус и така креира брилијантни фотографии со bokeh ефект. Главната камера гарантира моќен bokeh ефект, куп на детали и уште подобар динамички распон. Снима супер фотографии во различни светлосни услови. Убавите фотографии се снимаат и со ултра-широка камера. Телефото камерата со 3x зум и не може да се мери со зголемувањето од 10X што го нудат топ моделите на Samsung, но и дигиталното зголемување овозможува многу добри резултати.

IOS 16

iOS 16 понуди неколку новости, кои што Android веќе ги нуди со години, но Apple сепак ги зачинува со својата магија и уникатниот пристап. Новост е можност за прилагодување на екранот за заклучување, кој што сега прикажува и мини виџети, позајмени од Apple Watch. Сега може да се прилагодуваат и фонтот и боите на приказ на часовникот, па и просторот околу него. Apple убаво го имплементирал AlwaysON, кој што дефинитивно ќе ви се допадне и ќе го користите. 

Известувањата сега се прикажуваат на дното кога екранот е заклучен. Може да имате и повеќе Екрани за заклучување, кои што се поврзуваат со Focus Mode. Така имате еден за работа, еден за одмор и секој со втора позадина и виџети. Мултитаскинг приказот не се менува, а некои видливи промени нема ниту во Контролниот центар. 

Хардвер и батерија

Apple за прв пат во Pro моделите го диференцирал и погонскиот чип. iPhone 14 Pro Max доби нов 4nm A16 Bionic процесор со 6GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија. Ако сакате повеќе меморија, може да добиете 256/512GB/1TB меморија, со доплата. Со iCloud претплата и со 128GB добро би било да земете барем 256GB меморија како за телефон од ваков калибар. 

Процесорските и графичките перформанси се одлични, се функционира мазно и течно, додека енергетската ефикасност е на високо ниво. Што и да побарате од iPhone 14 Pro Max, ќе одработи брзо и без маки. Интерфејсот е одличен, игрите ги врти мајсторски и без прегревање.

Безбедноста и биометриската авторизација е загарантирана со Face ID системот, кој што функционира одлично и на сонце и во мрак, со маска и очила на носот. Apple кај сите четири модели имплементирал Crash Detection сензори, кои детектираат дека сте доживеале сообраќајна несреќа и автоматски известувања за одбрани контакти и надлежни служби и да им испратат ваша локација.

Батеријата има капацитет од 4323mAh и нуди цел ден интензивно користење, додека standby автономијата е повторно најдобра на пазарот. Се полни со кабел 30W и безжично. За половина час се полни до 50%, додека за 100% му се потребни 90 минути. 

Заклучок 

iPhone 14 Pro Max е најскапиот Apple телефон досега, кој во споредба со својот претходник нуди подобар екран, подобар софтвер, подобрени перформанси и подобра камера, со фамозниот Dynamic Island. Снима врвни фотографии и најдоброто видео на пазарот, а iOS нуди многу бенефиции благодарение на развиениот еко-систем на Apple. Цената на телефонот со 128GB меморија изнесува 83.000 денари, 256GB меморија е 92.800 денари или со 512GB изнесува 121.000 денари.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.