10 совети за безбедно и удобно купување на интернет

Објавено на 30.05.2023 11:25 во Рецензија


10 совети за безбедно и удобно купување на интернет

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Безбедно купувајте на интернет со проверени продавници и брендови;

 

Negatives:

- Лесни начини на измама со кражба на лични податоци;



Целата рецензија

Многу трговци веќе нудат онлајн купување на интернет, освен продажбата во своите продавници. Се разбира, луѓето веќе се одлучуваат за пазарување од удобноста на својот дом, наместо да трошат време и гориво за разгледување низ продавниците.

Според некои податоци, веќе 70% од корисниците на интернет го извршувале своето купување онлајн. Најчесто се купувала облека и се нарачувала испорака на храна и мебел. При купувањето на интернет треба да се биде внимателен и добро да се провери понудата, како и продавачот со цел да се избегнат измамите.

Поради растот на измамите на интернет, аналитичарите ги предупредуваат купувачите да ја проверат веродостојноста на трговците што продаваат на интернет, кои најчесто може да излажат дека продаваат нешто, со цел да ги украдат личните податоци на купувачите или пак да им се плати, а производот да не биде испратен.

Купувајте од доверливи извори: Купувајте од брендот и продавницата што ви се познати.

Проверете какви оценки има продавачот: Проверете ја непознатата продавница детално и поединците што продаваат.

Проверете дали преносот на податоци е соодветно заштитен: Кога прегледувате на интернет, користете ги HTTPS и SSL протоколите и запамтете: симболот со катанец не значи неопходно дека страницата е легална или легитимна.

Кога купувате онлајн преку интернет, проверете ја веб адресата: Никогаш не користете врски добиени преку електронска пошта или преку социјални мрежи. Податоците внесете ги исклучиво и директно на безбедни интернет страници. 

Проверете дали ви е штиклирано „Трајно плаќање“, пред да испратите податоци за својата картичка за плаќање на трајни услуги преку интернет, дознајте како може да ја прекинете таа услуга.

Не праќајте пари на непознати: Ако не им дадете пари на лицата што случајно сте ги сретнале на улица, не правете го тоа ниту на интернет. Доколку е можно, задржете го правото прво да ја примате робата.

Не праќајте податоци за картичка преку електронска пошта или други комуникациски сервиси: Никогаш не праќајте слика од картичка, број на картичка, ПИН или други податоци за картичката преку електронска пошта. Никогаш не испраќајте ги еднократните лозинки преку СМС, на Messenger, WhatsApp, Viber или други сервиси.

Проверете ја безбедноста на плаќањето на интернет страницата: Онлајн купувањето извршувајте го исклучиво на интернет страниците што користат целосни системи за проверка на автентичност со примена на 3D Secure во картични плаќања и двојна автентификација како што се: Visa Secure / Mastercard® Identity Check™ / Discover безбедносен код.

Зачувајте ги сите документи поврзани со вашето онлајн купување: Би можеле да ви требаат за да ги утврдите условите за продажба или да докажете дека сте ја платиле стоката.

Пред плаќање размислете два пати: Проверете дали сте ги разбрале ризиците при купување преку интернет.

Купувачите треба да имаат на ум дека и кога ќе го извршат купувањето и производот стигне на нивната адреса, се уште имаат право да се предомислат. 

Ако при утврдување на обележјето и функционалноста на производите, потрошувачот утврди дека тој производт не одговара кон неговите или нејзините потреби, може без наведени причини да го искористи своето право на едноставно раскинување во рок од 14 дена, а некои интернет продавници ја нудат и можноста за бесплатен поврат на производи на подолг период

Затоа, пред да почнете да купувате, убаво проверете дали таа понуда е најдобриот избор, дури и кога ви изгледа најповолната понуда на интернет.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.