Xiaomi 12X: Елегантен дизајн со компактна големина и одлична цена

Објавено на 31.05.2023 11:57 во Рецензија


Xiaomi 12X: Елегантен дизајн со компактна големина и одлична цена

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Моќни перформанси;
+ Заоблен дизајн;
+ Компактен дизајн;
+ 120Hz;
+ Добра цена;
+ Квалитетен звук;
+ 4К видеа;
+ Добра камера;
+ Добар софтвер;
+ Долготрајна батерија;
+ Брзо полнење;
+ Енергетска ефикасност;

 

Negatives:

- Нема можност за мемориска картичка;



Целата рецензија

Xiaomi го има 12X како премиум компактен смартфон, со одлична цена и MIUI интерфејс. Карактеристично за него е што има мал дисплеј и моќни перформанси.

Да, широките народни маси сакаат големи екрани, но ги има и оние што сакаат мали. Xiaomi 12X го препорачуваме, затоа што има добра цена од 28.000 денари на нашиот пазар, кој во свое време беше 36.000 денари и повеќе.

Дизајн

Големината на телефонот изнесува 152×70 мм, со дебелина од 8 мм. Дизајнот е одличен, затоа што има заоблени рабови и може да го ракувате со една рака, доколку имате мали раце. Има Corning Gorilla Glass Victus заштита на стаклото од предната страна и мазно стакло позади, со метален финиш наоколу.

Има три бои: сина, сива и розева. Неговата компактност ви нуди комфор, елеганција и задоволство во користењето. Неговиот AMOLED екран има само 6,28 инчи со фреквенција на освежување од 120Hz, која се чувствува како да има 480 Hz кога допирате на екранот, со поддршка за HDR10 и DCI-P3 калибрација. Има 12-битен приказ на бои

Перформанси

Xiaomi 12X има Snapdragon 870 процесор под хауба, што ја оправдува неговата цена во моментот. Се работи за процесор што доставува голема моќност во брзината. 870 е опремен со 8 јадра, од кои едно работи со 3.2 GHz.

Има Adreno 650 графички процесор, кој одлично реагира кога играте игри. На AnTuTu тестирањето извадил 700 поени. Има 8GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија, а има и 8/256GB меморија. Нема поддршка за мемориска картичка и нема верзија со 512GB. Телефонот располага со Dolby Atmos и стерео звук. Има висок глас и квалитетен. 

Камера

Камерите се одлични, има главен сензор од 50 мегапиксели со F/1.88, плус 13MP широко-аголна камера и 5MP телефото камера за макро фотографии. Предната камера изнесува неверојатни 32MP.

Сликите ги вади одлично и дење и ноќе, затоа што блендата пропушта доволно светлост за да се креира квалитетна фотографија. Сликите се одлични и кога снимате видеа, благодарение на макро камерата и широчината. Вистинско изненадување е тоа што може да снимате со 4К резолуција и имате стабилизација и поддршка за LOG профил на бои. 

Софтвер и батерија

Always on Display е присутен овде, а корисничкиот интерфејс MIUI е одлично оптимизиран. Имате брзи кратенки за бирање одозгора, а оперативниот систем Android 12 со надградбата во овој момент, дефинитивно врши одлична работа.

Автономијата благодарение на софтверот е одлична. Благодарение на полнењето со 67W адаптер, батеријата се полни за 50 минути. Безжично полнење, нема. Батеријата на Xiaomi 12X може да трае цел ден и брзо се полни, затоа што има енергетски ефикасен чип. Голема предност е тоа што има среден процесор. 

Заклучок 

Xiaomi 12X заслужува висока препорака од наша страна, поради компактноста, моќноста, изгледот од предната и задната страна, камерата и цената. Искрено, нема преголема меморија, но мора да има некој компромис за ниската цена, зар не? Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.