Тим Кук: „Интеграцијата на хардверот и софтверот ги оживува нашите производи“

Објавено на 07.06.2023 19:38 во Рецензија


Тим Кук: „Интеграцијата на хардверот и софтверот ги оживува нашите производи“

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Полесна размена на контакти;
+ Можност за дополнително оставање на пораки со видео и глас;
+ Опција за ставање на слика било каде на екранот;

 

Negatives:



Целата рецензија

Крег Федериги ги претставил новите можности на iOS 17. Ги најави најновите промени со три темелни апликации: апликации за повици, испраќање на пораки и FaceTime.

Се воведуваат персонализирани постери на контакти, своевидни картички што корисниците ќе може сами да одбираат и уредуваат и на нив да стават своја фотографија или емоџи, со цел да ја користат како своја „дигитална визит-картичка“ за време на извршување на видео повици или размена на контакти со други корисници. 

Live Voicemail е нова опција што создава транскрипт на гласовните команди во реално време, а корисникот во секој момент може да го прекине оставањето на гласовните пошти и да се јави на повикот. Гласовната видео порака доаѓа на FaceTime. Кога некој ќе се повика и таа личност не може да се јави, личноста што повикува ќе може да остави гласовна видео порака, која што корисникот ќе може дополнително да ја прегледа.

Apple iOS 17

Пораките добиваат филтри за пребарување со цел корисниците полесно да ја пронајдат пораката што ја бараат. Така ќе биде полесно да се одговори на пораката, а се воведува и опцијата за транскрипција на аудио пораки за моменти кога преслушувањето не е возможно. Исто така, сега може директно од разговорите да се споделува локација со друга личност, а опцијата Check in овозможува корисниците автоматски да се јават на друга личност, дека среќно стигнале дома. Ако не се јават, апликацијата може автоматски да испрати локација од корисниците, дали тие се движат, колку капацитет на батерија имаат и друго.

Доаѓаат и нови стикери, т.е. нови сликички со кои што може да се извршат разговорите. Буквално може да залепите емоџи или сликичка како коментар било каде на екранот. Може да направите и сопствен стикер, дури и анимирана лепенка директно од вашите фотографии. Лепенките може да ги додадете било каде може да се додадат емоџијата, дури и во апликациите што не се направени во Apple.

AirDrop

Сега може да споделувате телефонски броеви преку AirDrop, поточно преку NameDrop. Доволно е да ги приближите телефоните и така ќе се разменат постери од контактите. Истото може да го направите и со Apple Watch. Дури и ако се оддалечите еден од друг, може да продолжите со преносот на податоци преку интернет.

Се воведува интелигентен начин на внесување на податоци преку тастатура и глас. Autocorrect применува машинско учење на самиот уред, а сега користи и предвидување на следните букви/зборови. Може да поправи граматички грешки, но може и да го остави згрешениот збор по избор на корисникот. Се прилагодува кон зборовите што корисникот најчесто ги користи и учи за нив, со цел да може полесно да ги предвиди речениците.

Adeeti Ullal го претставила новиот начин на присетување на минатите настани, односно своевидното водење на дневник на iPhone. Journal, новата апликација што ќе биде достапна подоцна оваа година, ќе функционира како дневник. Уредот ќе учи сам кои се вашите важни животни настани и ќе предложува настани што корисниците може да ги воведат во Journal. Така може да внесат фотографии, звуци, локации и да запишаат дополнителни белешки. Може да поставите и потсетници за запишување во дневникот, но и да го заклучите Journal со цел записите да останат приватни. 

StandBy, новото искуство со екранот со информации, кои е возможно да се видат од подалеку, кога iPhone не е во рацете, односно кога е на полнење. Корисникот може да одбере каков ќе биде изгледот на часовникот, да ги одбере фотографиите што ќе се прикажуваат, ќе прикаже виџети и распореди, додека Siri ќе дава визуелни резултати. Се прилагодува кон услови со ниска осветленост и ја намалува светлоста на екранот за полесно читање ноќе.

Siri повеќе нема потреба од „Hey Siri“ како повик за реалција. Мапите се достапни и офлајн, а вештачката интелигенција може да препознае лице и ликови на сликите и така ги групира во албуми.

iPad OS

Final Cut Pro и Logic Pro се достапни на iPad, а со iOS 17 ќе бидат достапни и нови начини на персонализација на Widgets и Lock Screen. Widgets ќе овозможат интеракција, со цел корисниците да може веднаш да реагираат, без влегување во апликацијата. LockScreen ќе овозможи персонализација на почетниот екран на iPad. Возможно е да ја одберете било која фотографија, дури и "live photo", фонт и боја, а оставен е простор и за виџети, со цел корисниците да може да одберат што ќе видат на заклучен екран на iPad.

Live Activities, на дното на екранот, прикажуваат актуелни активности како што се информации за патувања, достава на храна, спортски резултати и слично. За прв пат на iPad е достапна апликацијата Health, која што ги следи податоците за здравјето. Синхронизирано со iPhone, Apple Watch, но и уреди од други производители.

Џени Чен ги претставила новите можности за уредување на PDF на iPad.  Благодарение на новиот модел со машинско учење, автоматски се препознава просторот за исполнување и нуди можности за исполнување и испраќање на податоци директно од една апликација. PDF сега дирекно се наоѓа во апликацијата Notes, каде е возможно дополнително да обработуваат, креираат белешки директно на екранот, но и да соработуваат со другите и да ги погледнат промените во реално време. Соработката во живо е возможна и кога личностите не се во близина.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.