Софтверската магија од кујната на Apple: Новитети кај MacOS, AirPods Pro, AppleTV, WatchOS, Safari

Објавено на 11.06.2023 12:37 во Рецензија


Софтверската магија од кујната на Apple: Новитети кај MacOS, AirPods Pro, AppleTV, WatchOS, Safari

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Напредни можности во софтверот;

 

Negatives:

- Новите оперативни системи излегуваат официјално во септември;



Целата рецензија

MacOS

Apple вели дека новиот macOS ќе им овозможи на корисниците да бидат повеќе продуктивни и креативни. Новата верзија на macOS доби интересно име - Sonoma, според познатиот регион каде што се произведува вино. Има новитети во screensaver, кој може да се смести и во позадинските фотографии на работната површина. Widgets го добија своето место и наместо во центарот за известувања, сега може да ги ставите на десктоп, каде што може да бидат постојано видливи. Кога ќе се отвори некоја друга апликација, виџетите бледеат, но сепак се гледаат со цел да не ви го одвлечуваат вниманието. Возможно е да управувате со виџетите од iPhone и на Mac, а доволно е уредите да бидат поблизу или на истата WiFi мрежа.

Game mode
 
Чиповите на Apple го променија начинот на кој што корисниците играат на Mac компјутерите, се изјаснил Џереми Сендмел и го претстави Game mode, опцијата што овозможува приоретизирање при користењето на процесорот и графичката картичка од ресурсите за играње. Тоа функционира со сите игри. 

Хидео Којима ја претстави играта Death Stranding, која што пристигнува на Mac оваа година. Играта ќе ги искористи сите нови хардверски и софтверски можности за Apple уреди, со цел да им се овозможи целосно уживање на корисниците во сите детали на игрите. 

Нови опции во Safari

Видео конференциите на Mac добиваат нов видео ефект, кој што вклучува приказ со сликите од лицата што ги презентира на ист екран, каде што се наоѓа и презентацијата. Благодарение на Neural engine и Apple чиповите, се одвојуваат лицата од позадината и се создава впечаток како презентацијата зад неа да е во реален простор. Новите видео ефекти се возможни во сите апликации за видео конференции како што е Zoom.

Safari прелистувачот е најбрзиот светски прелистувач, тврдат од Apple, а сега иам и дополнителен филтер за приватност. Ги заклучува приватните прозорци кога не се употребува, ги отстранува тракерите кои што ги следат активностите на интернет, а овозможува и безбедно споделување на лозинки со лицата на кои што корисникот им верува. Профилите овозможуваат различни профили за сурфање на интернет, за работа и во истиот прозорец. 

Посебно е интересна можноста за креирање на веб апликации за било која интернет страница, директно од Safari. Така корисниците може да пристапат кон страницата директно од "dock". 

AirPods Pro

Рон Хуанг ги претстави новостите кај AirPods Pro. Пред се, тука имаме Adaptive Audio, кое ги комбинира двата начина на слушање во еден, со цел брзо да се прилагоди кон условите во околината. Помага да се фокусирате на она што се слуша. Доволно е да почнете да зборувате и автоматски да се намали музиката, со цел да се слушне другата личност. 

Новости има и со AirPlay. Сега е возможно едноставно да се споделува мултимедиумска содржина со други уреди и корисници. Доколку корисниците обично слушаат музика додека готват вечера, AirPlay автоматски ќе го детектира вашиот HomePod во кујната и ќе понуди да се слуша музика таму.

AirPlay ќе биде достапен и во хотелите, каде што ќе го поедностави префрлањето на содржини на големиот екран во собите. Ќе биде достапен во одбрани хотели до крајот на годината. Новостите во Apple Music и Car Play е поврзано со споделување на музика во автомобилот - SharePlay. Автоматски ќе биде овозможено приклучување на iPhone-от на патникот кон главниот iPhone и споделување на музика во автомобилот.

AppleTV

Новитетит има и кај AppleTV. Така е редизајниран главниот екран за управување со апликации на tvOS. FaceTime е достапен на AppleTV, со цел видео повиците да се извршуваат на големиот екран. Се поврзува со iPhone или iPad, со цел да се искористи неговата камера за видео повик. Со SharePlay може да споделувате содржина со AppleTV лицата на видео повик. 

WatchOS

Кевин Линч ги претстави новите можности на watchOS 10. Пред се, има нов начин за преглед на информации на екранот на уредот. На екранот може да се стават портрети од контактите, со тркалце да се прегледуваат виџети со информациите, а Smart Stack учи кои информации се најважни и со нив ги прикажува првите. Редизајнирани се и апликациите за Apple Watch. Така Activity App полесно прикажува податоци преку целиот екран.

Доаѓаат и новите апликации за активни корисници, за велосипедисти и планинари. На тој начин ве информира кога последен пат е забележан сигнал од мобилниот уред, но и каде е возможно да се направи повик кон итните служби, нови топографски карти во САД, податоци за планинарските стази, итн. Новото API ги следи и најмалите движења со рацете и промената на положбата на часовникот, што овозможува следење кај спортовите како што се голф и тенис.

Здравствените апликации покриваат две нови области; менталното здравје и здравјето на очите.

Менталното здравје е важно колку и физичкото здравје, со акцент на менталното здравје и грижата за умот. Може да ги забележите расположението и чувствата во Mindfulness апликацијата, што ги загрижува корисниците. На Apple Watch и iPhone. Може да следите статистика и како одредени активности влијаат врз расположението. Пополнување на прашалници, какви што се користат во клинички истражувања, може да сугерираат кога е потребно да побарате помош од професионалците.

Се фокусираат на намалување на миопијата, т.е. кратковидоста, која што обично почнува во детството. Apple Watch може да мери колку време личноста поминала на дневна светлина, а родителите може да ги следат тие податоци. Screen Distance применува TrueDepth камера, со цел да процени колку корисникот го држи уредот близу до лицето и потсетува дека треба да одржува одредено растојание. Здравствените податоци се енкриптирани на уредот и никогаш не се поделени без директна дозвола од страна на корисникот, велат од Apple.

Оперативните системи се веќе достапни како бета верзија за девелоперите, а финалните верзии за корисниците ќе станат достапни во септември. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.