Vivo Y72 5G има ѕверски перформанси и прениска цена!

Објавено на 24.06.2023 09:00 во Рецензија


Vivo Y72 5G има ѕверски перформанси и прениска цена!

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Претерано намалена цена;
+ Заводлив дизајн;
+ Одлична камера;
+ Моќни перформанси;
+ Голема батерија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Vivo агресивно настапува на пазарот на смартфони и сака да ја зајакне својата позиција. Како еден од главните адути во моменталната понуда е моделот vivo Y72 5G. Уште со самото име на овој модел, може да се заклучи дека станува збор за 5G телефон, но оваа технологија се спушта во ценовно прифатлива средна класа.

Дизајн

Куќиштето на телефонот располага со висок сјај, кој што му дава речиси лик на огледало. Графитно-црната боја делува многу елегантно. Поради сите видливи отпечатоци што остануваат на куќиштето, препорачуваме со телефонот да користите и заштитна силиконска маска, која што инаку се испорачува како подарок во фабричко пакување. Неговата препорачана цена моментално на македонскиот пазар изнесува 11,000 денари.

Дисплеј и камера

Екранот на Vivo Y72 5G изнесува 6.58 инчи со IPS LCD технологија. Резолуцијата изнесува 1080 x 2408 пиксели и освежување со 90 Hz. На средината на горната страна е поставен исечок за предната камера. vivo Y72 5G располага со тројна задна камера, од кои примарната камера има резолуција од 64MP, има Quad Pixel технологија и излезна резолуција од 16MP. Покрај неа, има и 8MP ултра-широка камера, која опфаќа широчина од 120 степени и макро камера со резолуција од 2MP.

Предната камера има резолуција од 16MP, а резултатите што ги добиваме со фотографирањето се подобруваат благодарение на AI софтверот и HDR можностите, така што фотографиите и видеата се со одличен квалитет. Автофокусот на задната камера иам Eye Autofocus режим, кој што се фокусира на очите на предметот, обезбедувајќи на тој начин секоја фотографија да биде остра и кристално јасна. Ќе спомнеме и Super Night режим, кој што обезбедува врвен квалитет на фотографиите, со добра осветленост и голем број на детали во ноќни услови.

Кога станува збор за видео, задната камера овозможува снимање во 4K резолуција, стабилизација со жироскоп, па така снимките се мирни и мазни. Предната камера овозможува снимање на видеа во 1080p резолуција, со можност за активирање на HDR опции. 

Перформанси

Vivo Y72 5G го придвижува Dimensity 700 5G процесор со осум јадра, изработен со 7нм процес на производство. Телефонот поседува 8GB RAM и 128GB ROM меморија за лични податоци. На Antutu бенчмарк тестот постигнал 251.014 поени. Тука е и Multi-Turbo модулот, кој што ги подобрува перформансите, интелигентно ја оптимизира употребата на мрежата и апликациите и ја намалува топлината на уредот. На тој начин телефонот, кога и да е потребно, ви ја овозможува максималната моќност. 

Батерија

Телефонот има батерија со капацитет од 5.000 mAh, што е доволно енергија за цели два дена автономија. Во пакетот има и брз полнач од 18W, со кој што батеријата целосно може да се наполни за околу два часа. 

Софтвер

Што се однесува до софтверот, тој е прединсталиран со Android 11, дополнет со финесите на Funtouch OS корисничкиот интерфејс. Сега имате и надградба до најновиот оперативен систем.

Заклучок

Можеме да заклучиме дека овој модел е со одлични перформанси, а vivo дефинитивно се пробива како еден од најпродаваните брендови на пазарот. Vivo Y72 5G е модел со прифатлива цена, има 5G технологија, одлична камера и долготрајна батерија. Како и повеќето телефони, така и овој модел дава премиум впечаток кога станува збор за дизајнот, па така сме сигурни дека таквата комбинација сигурно ќе привлече поголем број на купувачи. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.