Треба ли да им веруваме ли на рецензиите на интернет!?

Објавено на 27.06.2023 17:13 во Рецензија


Треба ли да им веруваме ли на рецензиите на интернет!?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Донесување на законска регулатива за регулирање на лажните задоволни купувачи;

 

Negatives:

- Рецензиите на интернет се најчесто лажни;



Целата рецензија

Лажните рецензии се едни од најчестите лаги на интернет трговците, особено на Facebook и затоа се наметнува потребата за да се заштитат самите потрошувачи. Само Amazon минатата година блокирал 200 милиони лажни рецензии, пишува The Guardian.

Лидерот на Одделот за доверба на купувачи во Amazon, Дармеш Мехта, вели дека преголемиот обем на дезинформации им штетат на потрошувачите, кои се измамени за тоа кои производи треба или не треба да ги купуваат.

„Пред неколку години воочивме пораст од она што го нарекуваме за лажни агенти за рецензии“, вели Мехта, кој го споредува тоа со „домашна индустрија за измама“, која што често има стотици вработени. 

Доаѓаат до продавачи и нудат услуги со лажни рецензии, многумина го спомнуваат тоа како маркетинг услуга, објаснува Мехта. 

Тие што се занимаваат со тоа, го наоѓаат патот до потрошувачите и велат: Ако напишете рецензија со пет ѕвездички за овој производ, ќе ви го дадеме бесплатно или подарок картичка од 25 фунти. Значи, тие всушност ги купуваат рецензиите од купувачите, а од друга страна продаваат маркетинг или услуги со рецензија од брендот или производителот, вели Мехта.

Групата на потрошувачи „Which?“, неодамна го истакна размерот на проблемот, во истражување што покажало како групите со лажни рецензии на страниците како што се Amazon, Google и Trustpilot се уште успеваат на Facebook, и покрај сите интервенции од страна на регулаторите. 

Откако беше обвинет дека не направил доволно за санирање на лажните рецензии, Amazon минатата година започнала правна постапка против над 90 агенти, што овозможиле лажни рецензии и тужеле над 10 илјади администратори на Facebook групи, кои се обидувале да пласираат рецензии во замена за пари или бесплатни производи.

„На нашите платформи не се дозволени измами и измамнички активности, вклучувајќи го нудењето или тргувањето со лажните рецензии“, велат од Meta, компанијата сопственик на Facebook.

Amazon веќе го зголеми влогот, истакнувајќи ја употребата на вештачка интелигенција за барање на лажни рецензии и агресивна потера за измамниците. Уште оваа година преземал мерки против 94 измамници, но сака и другите да споделуваат информации и технолошките компании подобро да ги надгледуваат своите страници.

Се очекува законот за дигитални пазари, пазарно натпреварување и потрошувачите, кои што минуваат преку британскиот парламент, кој што минува низ британскиот парламент, да ги зајакне законските овластувања на регулаторот.

Се предложуваат забрани за објава на лажни рецензии без проверка дали се вистинити. Од групата на потрошувачи „Which?“, велат дека законодавството би требало да биде чекор напред поради купување, продажба и хостинг на лажните рецензии со казнени мерки. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.