Huawei Honor 6C Pro - Дали е „профи“?

Објавено на 31.07.2018 во Рецензија


Huawei Honor 6C Pro - Дали е „профи“?

Оцени

usability
7.5


Перформанси
7.5


Цена
8.5


Камера
7.5


резултат
7.8


Наши забелешки

Positives:

 

- Прифатлива цена

- Добар дизајн

 

Negatives:

 

- Нема дуо камера

- Нема брзо полнење



Целата рецензија

Honor суб-брендот на Huawei е вистинско море од смартфони каде секој корисник без оглед со колкава износ на пари располага може да најде сосема солиден смартфон за сумата која ќе ја вложи. Умешноста на Honor суб-брендот е тоа што има поголема градација на класите отколку стандардната понуда на Huawei со неколку серии во главните сегменти. Затоа некогаш и потешко е одредни модели на Honor да испливаат на површина, па затоа за нашите верни читатели го издвоивме моделот Huawei Honor 6C Pro кој ќе го анализираме подетални за да добиете повеќе информации за неговата понуда, па останете со нас во продолжение.

Дизајн

Huawei Honor 6C Pro е еден од посимпатичните смартфони кои сме ги сретнале во последно време, но треба да се напомене дека овој визуелен тренд веќе го имаа применето повеќе брендови во ера во која никој не сака премногу да ризикува со необични форми или додатоци во дизајнот. Huawei Honor 6C Pro иако не е премногу оригинален, изгледа доволно атрактивно, има многу тенко тело од 7,7 милиметри, а особено впечатлива е црната боја на маската комбинирана со црвена позадина. Смартфонот е изработен од алуминиум па така може да се пофали со цврстина и компактност. Исто така за пофалба е и тоа што Huawei кај Honor 6C Pro применил многу тенки рамки околу дисплејот па на прв поглед може и да ве излаже дека има размер од 18:9, но тоа воопшто не е така. Во секој случај со изгледот и изработката на Huawei Honor 6C Pro ќе имате многу причини за задоволство.

Дисплеј

Како што веќе наведовме Huawei Honor 6C Pro има стандарден размер од 16:9, но тоа не го спречува да понуди одлични агли на видливост со одличната искористеност на предната површина на дисплејот. Huawei Honor 6C Pro има големина од 5,2 инчи со напредна S-IPS LCD технологија, но главна замерка е што само за нијанса го исполнува минималниот HD стандард со резолуција од 720 х 1280 пиксели, а тоа пак резултира со густина на сликата од 282 ppi. Самата резолуција е наменета за смартфон од пониските класи, но секако нема да ви недостасува квалитетен израз на боите, контрастот и осветленоста.

Перформанси

Huawei Honor 6C Pro е навистина интересен смартфон кој и покрај тоа што е наменет за основната класа знае позитивно да изненади. Huawei Honor 6C Pro работи со просечниот но, квалитетен осум-јадрен Mediatek MT6750 процесор кој располага со Cortex-A53 технологијата, со максимален работен потенцијал од 1,5 GHz. Мобилниот уред има и 3 GB RAM кои се и повеќе од доволни за активен мултитаскинг, како и 32 GB основна вградена меморија.

Скенерот за отпечатоци е поставен на задната страна под камерата и е доста прецизен и ефикасен. Huawei Honor 6C Pro доаѓа со единечна главна камера со сензор од 13 мегапиксели со не така широка леќа од f/2.2, па така и не очекувајте премногу напредни резултати во сликите и видеата. Селфи камерата има идентична леќа но, со сензор од 8 мегапиксели. Батеријата на Huawei Honor 6C Pro е во рамките на просекот со капацитет од 3000 mAh, но нема брзо полнење поради недостиг на новиот вид на USB Type C конектор.

Заклучок

Huawei Honor 6C Pro во сите сегменти има доволно добри компоненти кои го ставаат на скалило погоре кога директно би се споредувал со неколку слични конкуренти. Смартфонот е стар неколку месеци и сосема разбирливо е што не ги фати трендовите со дуо камера и Full дисплеј, но и со компонентите кои ги поседува има доволно добар потенцијал за да ги исполни барањата на купувачите. Недостатоците веќе ги споменавме, а во поглед на адутите на Huawei Honor 6C Pro би ги издвоиле симпатичниот дизајн со тенкото тело, убавиот дисплеј и потентниот хардвер кој нема да ве остави на цедило при завршување на секојдневните задачи. Што мислите вие за Huawei Honor 6C Pro?

Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm