Зошто Samsung Galaxy A23 5G е добра понуда за да се купи во моментот?
Наши забелешки
Positives:
+ Екранот со 120Hz;
+ Ниска цена;
+ Атрактивен дизајн и лесен за употреба;
+ USB-C кабел за полнење;
+ Брзо лансирање на апликациите;
+ Добар кориснички интерфејс;
+ Голема батерија;
+ Добри перформанси;
Negatives:
- Нема сертификат за водоотпорност;
- Нема Always-ON Display;
Samsung уште го продава Galaxy A23 5G, после кого излезе и понов модел. Зошто моментално Galaxy A23 5G е одлична понуда за купување? Затоа што се продава за ниска цена, а има добри перформанси. Неговата цена во малопродажба може да биде околу 14.500 денари. Доаѓа со екран од 120Hz, камера од 50MP со OIS, 6nm Snapdragon процесор и батерија со 25W полнење.
Дизајн
Galaxy A23 5G изгледа многу слично како неговиот претходник, но сепак е понизок и полесен за држење во една рака. Селфи камерата е повторно сместена со засек на екранот во форма на „V“. Телефонот е изработен од пластика и нема сертификат за водоотпорност. Неговите агли се заоблени и навистина изгледа одлично. На левата страна има влез за две SIM картички и microSD мемориска картичка. Сензорот за отпечатоци на прсти е странично поставен, брз е и доверлив.
Звучникот е само еден и тоа само од долната страна, но за среќа е многу гласен. Има 3,5мм аудио џек за слушалки, од горната страна. Телефонот е прилично тенок и згоден за ракување.
Екран
Екранот со 120HZ е огромен плус за телефонот, и покрај тоа што станува збор за PLS LCD панел, кој што со приказот на бои и осветлувањето сепак не може да му парира на AMOLED дисплеј. FHD+ резолуцијата гарантира остар приказ, читливоста под агол не е лоша, а би било убаво да е посветол на отворено. Веќе не смета тоа што нема сензори за амбиентално осветлување. Наместо него, се користи селфи камера со цел да се измери осветлувањето во амбиентот и ја прилагодува јачината за осветлување на екранот, што не е многу доверливо. Поради тоа што е LCD панел, нема поддршка за AlwaysON Display.
Камера
Благодарение на сензорот од 50MP и OIS стабилизацијата, Galaxy S23 5G позитивно ги изненади фотографиите што ги снима. Со неа од страната има и помалку импресивна 5MP ултра-широкоаголна камера и 2 пати по 2MP за макро камерата и сензорот за длабочина.
Главната камера снима одлични фотографии, реални репродукции на боите и со прилично широк динамички распон. Во Ноќниот режим може да извлече уште нешто повеќе светлост, само што ќе треба да почекате и неколку секунди. Снима одлични портретни фотографии со прецизна и одделена позадина.
Видеото е ограничено на 1080p 30fps, што дење изгледа многу добро. Стабилизацијата е исто така пристојна, а ноќе се мачи повеќе со острината и стабилизацијата, што е нормално. Ултра-широката камера е доволно добра за да фати повеќе детали во денскиот период и не е лошо воопшто.
Макро камерата е тука за да го зголеми вкупниот број на камери. Селфи камерата од 8MP во услови со добро осветлување, снима многу добри портрети и видео од 1080p. Резултатите ноќе се повеќе од солидни.
ONE UI 5
Samsung Galaxy A23 5G располага со Android 13 оперативен систем, кој е базата на Samsung One UI 5.0 корисничкиот интерфејс, со своите многу добри страни. Се изгледа убаво и оптимизирано. Прилично се прилагодува преку Themes, изборот за навигација на интерфејсот, Почетниот екран и без изборник со апликациите. Имплементирани се бројни смарт гестикулации, кои што го олеснуваат користењето на телефонот со толку голем екран, па и режим за работа со една рака.
Апликациите брзо се вклучуваат и анимациите изгледаат многу добро, благодарение на 120Hz стапката на освежување на екранот.
Хардвер и батерија
Galaxy A23 5G успешно ќе се справи со PUBG Mobile и Asphalt 9, анимациите на интерфејсот и апликациите. Под хауба има Snapdragon 695 5G процесор, кој е изработен со 6нм процес на производство, од кого не можеме да очекуваме чуда, но сепак солидно си ја врши работата. 4GB RAM меморијата и 128GB внатрешната меморија се доволни за цената, при што меморијата за лични податоци искрено не изненади позитивно.
За звук имаме гласен звучник на долниот агол и 3.5мм аудио џек за слушалки. Се разбира, тука е неговото височество, 5G мрежата за брз пристап кон интернет во движење. Проблемите со WiFi конекција ги нема и немате проблеми со звукот кога зборувате со соговорникот. Имате и NFC за бесконтактно плаќање, што е голем плус.
Батеријата има капацитет од 5000mAh и се полни со 25W преку кабел. Од 0% до 53% се полни за само 30 минути, што е прилично брзо. Батеријата е еден од најмоќните адути на телефонот. Со умерено користење, батеријата може да трае до два дена. Во пакувањето добивате само USB C на USB C кабел, без адаптер. Оригинален адаптер на Samsung се купува за 900 денари, доколку веќе немате соодветен адаптер од претходните телефони.
Оценка
Samsung Galaxy A23 5G 4/128GB чини околу 14.500 денари, како што веќе рековме погоре. За таа цена нуди неверојатен екран од 120Hz, одлична главна камера, 5G мрежа и огромна батерија. Galaxy A23 5G е дефинитивно добра зделка за таа сума на пари.