LG Q6 - Најдобриот „мини“ смартфон во последно време

Објавено на 31.07.2018 во Рецензија


LG Q6 - Најдобриот „мини“ смартфон во последно време

Оцени

usability
9.0


Перформанси
8.5


Цена
8.5


Камера
8.5


резултат
8.6


Наши забелешки

Positives:

 

- Еден од најдобрите мини смартфони

- Одличен дисплеј

 

Negatives:

 

- Има послаб четири-јадрен процесор

- Нема дуо-камера



Целата рецензија

LG Q6 всушност е одговорот на LG Mobile во пониската класа со цел да ги доведе сите нови атрибути на кои работеше во изминатите месеци. Така гледано LG Q6 секако е одличен смартфон бидејќи претставува скратена или лајт верзија на премиум моделот LG V35 ThinkQ, но секако со многу поприфатлива и подостапна цена, без притоа да покаже знаци на слабост во компонентите или севкупниот концепт. Во продолжение подетално ќе се задржиме на клучните адути на LG Q6 и колку тој може да биде квалитетен избор за повеќето модерни купувачи кои имаат се повисоки очекувања.

Дизајн

LG Mobile направил големи напори за кај LG Q6 да ги пренесе главните карактеристики на префинетиот дизајнод неговите претходни смартфони со што става јасно до знаење дека и овој уред припаѓа на тоа друштво. Од понудените бои сивата најмалку ни се допаѓа бидејќи му дава блед изглед на LG Q6, додека пак црната е доста силна и на некој начин ги прекрива ситните детали кои не доаѓаат целосно до израз. 

Сината и бакарната боја се најверојатно најдобрите избори на LG Q6 бидејќи се доста умешно изработени и убаво ја изразуваат тенката линија на смартфонот. LG Q6 е прилично тенок смартфон со профил од 8,1 милиметри, а тежи само 149 грама. 

Рамките околу дисплејот се исто така многу тенки и ефикасно изработени, па за LG Q6 може да се каже дека е прилично компактен уред и е лесен за ракување и носење во џебот. LG Q6 го исполнува и MIL-STD-810G воениот стандард на издржливост па така ќе нема проблеми со потопување во вода и други надворешни атмосферски влијанија.

Дисплеј

LG Q6 може да се пофали со прилично квалитетен 5.5 инчен дисплеј со IPS LCD технологија, размер од 18:9, висока резолуција од 1080х2160 пиксели, како и повеќе од задоволителна густина на сликата од 442 ppi. Со новиот висок размер како што веќе кажавме се постигнува висок степен на искористеност на предната површина на дисплејот, па така и покрај неговата голема дијагонала за поголем агол на гледање добивате смартфон кој е компактен. Дисплејот на LG Q6 располага со богат израз на деталите, одлична репродукција на боите, има поддршка за најмодерните видео формати и ќе имате одлично визуелно искуство во секоја ситуација.

Перформанси

Qualcomm MSM8940 Snapdragon 435 кај LG Q6 најверојатно е првата компонента која најмногу паѓа во очи како да не припаѓа во оваа класа и токму тука се гледа каде LG Mobile ја направил главната заштеда на средства за ја спушти цената на смартфонот. Секако, и Snapdragon 435 е солиден осум-јадрен процесор кој добро функционира со Cortex-A53 технологијата, но со понизок работен потенцијал од само 1.5 GHz, што не треба премногу да ве загрижува бидејќи и со него ќе ги добиете посакуваните перформанси од сите апликации со кои работите.

LG Q6 има и 3 GB RAM со 32 GB меморија, слот за microSD, како и батерија со капацитет од 3000 mAh. Камерата на LG Q6 на задната страна има само еден сензор со солидна широка леќа од f/2.2, 1/3", 1.12µm со автофокус и LED блиц, додека пак камерата на предната страна има камера за селфи од 5 мегапиксели.

Заклучок

Со цена од околу 400 евра, како и поволни понуди во пост-пејд кај мобилните оператори LG Q6 е досега еден од подобрите „мини“ смартфони, не според неговата физичка големина, туку поради добро концентрираните адути во секоја сфера на функционирањето. LG Q6 навистина може да се пофали со одличен дисплеј, квалитетен сетап на хардверот кој може да пројде и со нешто послаб осум-јадрен процесор, како и многу модерни додатоци. Што мислите вие за LG Q6?
Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm