Вештачката интелигенција од корен го менува нашето искуство со Windows

За време на конференцијата на AMD за медиуми на саемот за потрошувачка електроника - CES, првиот човек на Microsoft од одделот за оперативниот систем за компјутери Panos Panay, вели дека вештачката интелигенција буквално ќе промени се што правите на Windows. Panay го рекол тоа во контекст на новите AMD процесори (Ryzen 7000), кои што пристигнуваат со нова посебна AI engine. Тој има зголемена брзина за 20% од оној во MacBook Pro со M1 Pro чип.
Panay не објаснил детално на кој начин AI ќе го промени искуството со Windows. Спомнал само дека ќе имате поинакво искуство со веб камери, автоматски може да се замаглува позадината, да препознавате контакт со очите и да го врамите прозорецот со лицата што зборуваат во текот на конференцискиот повик, со цел јасно да може да се препознае моменталниот говорник.
Кинескиот бренд No1. со големи чекори се пробива до врвот и за кратко време стана сериозен конкурент со различни решенија во сите понуди, а...
Повеќе »
R7 линијата смартфони на кинескиот производител Oppo се обидува да се наметне...
Повеќе »
Мобилна верзија | Целосна верзија