Huawei P40 Pro спецификации: Батерија со графен за ултра-брзо полнење

img

Според шпекулациите на Twitter, изгледа дека следниот предводник на Huawei ќе биде вистинско чудовиште. Имаме рендери од Huawei P40 Pro, со забележителна испакнатина кај камерата, заоблен дисплеј и копче за јачина на глас, како и копче за вклучување/исклучување од десната страна на уредот.

P40 Pro ќе биде со 6.5-инчен AMOLED „водопад“ дисплеј со 120Hz, што е еднакво на двојно повеќе од досегашните дисплеи на најдобрите премиум смартфони на пазарот. Ова ќе овозможи подобрена анимација за видео игри и побрзо скролање. P40 Pro ќе биде со две селфи камери со „punch hole“ (main selfie + ultra-wide) .

Од задната страна ќе има пет камери со 64MP сензор од Sony - IMX686 1/1.7 инчен сензор со OIS. Плус, ќе има 20MP ултра-широка камера, 12MP телефото камера со перископски дизајн, Macro камера и Time of Flight (ToF) сензор. Телефонот ќе биде со поддршка за 4K видео. Под хауба ќе има Kirin 990 процесор, истиот што го имаше во Mate 30 серијата. 

Највозбудлива вест е што Huawei ќе внесе графен во батеријата на P40 Pro, што е еднакво на значително побрзо полнење на батеријата. Графенот во батеријата на P40 Pro ќе има капацитет од 5500mAh, во комплет со полнач од 50W. Оваа батерија ќе се полни само за 45 минути целосно до 100%.

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/