Xiaomi ги претстави топ моделите Mi 10 и Mi 10 Pro

img

Xiaomi ги претстави новите Mi 10 и Mi 10 Pro. Mi 10 и Mi 10 Pro имаат ист дизајн, голем AMOLED дисплеј со дијагонала од 6,7 инчи со заоблени рабови, фреквенција од 90Hz, истиот процесор Snapdragon 865 и двата имаат главен сензор на камера од 108MP. 

Благодарение на квалитетот на сензорот, стабилизацијата на сликата и вештачката интелигенција, од камерата очекуваме одлични фотографии и квалитетни видеа во 4K и 8K. Според оцените од DxoMark, Mi 10 Pro ги има најдобрите оценки од сите тестирани телефони досега.

Pro моделот доаѓа и со 20MP ултраширока камера со две телефото камери, резолуција од 12 и 8MP. Обичниот Mi 10, покрај сензорот од 108MP, доаѓа со ултраширока камера од 13MP, макросензор од 2MP и сензор за длабочина од 2MP.Двата модела се со 5G и WiFi 6, USB-C приклучок. Ги имате варијантите со 8/128 GB, 8/256 GB и 12/256 GB меморија за почетна цена од 573 долари за Mi 10, додека основната цена на Pro е 716 долари за моделот со 8GB + 256 GB меморија, а ги има и со 12/256 и 12/512 GB.

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/