Honor 90, 90 Pro официјално: Камера 200MP, батерија 5000mAh и 16GB RAM

img

Honor 90 и Honor 90 Pro беа презентирани во Кина. Интернационалната верзија со Google Mobile Services (GMS) ќе излезе за брзо време. Honor 90 Pro располага со 6.78-инчен AMOLED дисплеј, резолуција од 1224 x 2700, и 120Hz. Под хауба има Snapdragon 8+ Gen 1 процесор и 200MP главна камера со бленда f/1.9 и 1/1.4". Главната камера поддржува 16:1 поврзување на пиксели, што креира остри слики од 12MP со помалку бучава. 

Ултра-широката камера има сензор од 12MP со FoV од 112 степени. Има и 32MP телефото камера со 2.5x оптички зум и OIS. Има и два други сензори за селфи од 50MP + 2MP со кои што може да се снима и во 4K. Батеријата од 5000mAh се полни со 90W полнач за 15 минути до 56%. Уредот располага со двојни стерео звучници, NFC, и MagicUI 7.1 со Android 13. 

Верзијата со 12GB RAM + 256GB има цена од €435, 16GB RAM + 256GB изнесува €475 и 16GB RAM + 512GB меморија чини €515. Honor 90 располага со помал 6.7-инчен OLED екран со резолуција од 1200 x 2664 и 120Hz, со максимална осветленост до 1,600 нити. Под хауба има Snapdragon 7 Gen 1 процесор, 200MP главна камера и 12MP ултра-широка камера за Pro моделот, но телефото камерата е заменета од сензор за длабочина од 2MP. Селфи камерата е со истиот 50MP сензор што го има кај Honor 90 Pro

Honor 90 има иста батерија од 5000mAh, само со полнење од 66W и 40W Power Delivery (PD). Неговата цена почнува од €330 за моделот со 12GB RAM + 256GB, €370 за 16GB RAM + 256GB или €395 за 16GB RAM + 512GB. Magic OS 7.1 е прединсталиран и почнува со продажба од 7 јуни.

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/