Nokia Lumia 830 - Доаѓа најдобриот евтин Windows смартфон

img
Nokia Lumia 830 неодамна беше промовиран и фановите со нетпрение го очекуваат глобалниот пласман кој ќе започне оваа недела. Nokia Lumia 830 може да се опише како најевтиниот Windows смартфон од високата класа по цена од околу 330 евра што е сосема прифатливо за сетапот на компоненти кои ги нуди.
 
 
Nokia Lumia 830 доаѓа со 5 инчен HD дисплеј со резолуција од 720 х 1280 пиксели, работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 400 процесор од 1.2 GHz, 1 GB RAM, 16 GB меморија, microSD картичка, 4G LTE модем, како и батерија со капацитет од 2200 mAh.
 
 
Главниот адут на Nokia Lumia 830 е 10 мегапикселната PureView камера која има Carl Zeiss оптика, оптичка стабилизација на сликата, автофокус, LED блиц и може да снима Full HD видеа. Nokia Lumia 830 ја користи најновата верзија на оперативниот систем Windows Phone 8.1 и наскоро го очекуваме и на македонскиот пазар.
img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/