Изумот за прв пат претставен пред половина век, го промени светот

img

Пред точно 50 години, конкретно на 3 април, 1973 година, Мартин Купер, лидер на истражувачка група во Motorola, го направи првиот телефонски повик што влезе во историјата. Пред хотелот Hilton Midtown во Њујорк, го зеде прототипот од мобилен телефон во рака и го повикал својот ривал, Џоел Енгел, инженерот што работел во Bell Labs.

Пред новинарите и фотографите, Купер го повикал Енгел на фиксниот телефон и во тој момент, започна нова ера во мобилната технологија. Се разбира, тоа бил само почетокот, а малите мобилни комерцијални телефони што ние ги знаеме, на пазарот се појавиле дури за десет години. Тогаш биле исклучително големи и скапи и ретко кој можел да си дозволи број на мобилен телефон и претплата.

Денес е речиси невозможно да си го замислиме својот живот без мобилен телефон. И тоа не било каков, туку паметен телефон. Телефонот на почетоот бил уред со тежина до еден килограм со батерија што траела половина час, но денес е уред што тежи колку неколку коцки чоколадо, чија батерија може да трае и до неколку дена.

Мобилните телефони денес не служат само за гласовна комуникација преку телефонска мрежа. Тие се претвориле во нешто многу поголемо. Уредите со големина на дланка денеска се прозорецот во светот што овозможува пристап кон интернет, социјалните мрежи, навигаторот што не води во странски земји, фото-апарат, фенер, дигитален тренер, па дури и лекар.

Мобилните телефони во текот на пандемијата се претворија во уреди за следење на контактите што се заразени и така овозможија на лекарите да бидат во контакт со болните луѓе, а во комбинација со вештачката интелигенција овозможуваат и дијагностицирање на различни болести.

Смартфоните се претворија и во учители благодарение на многубројните апликации. Во продавница за апликации може да преземете или да купите различни апликации за учење, кои што може да им помогнат на децата за училиште и оние што немаат пристап кон учителите за да совладаат некој дополнителен материјал.

Во комбинација со проширената реалност можеме да видиме кои се ѕвездите на небото, како изгледа некое парче мебел во нашата дневна соба и да идентификуваме предмет пред себе. Смартфоните си имаат и своја мрачна страна. Претераната употреба доведе и до зависност од смартфоните, здравствени проблеми поради положбата на телото, итн. 

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

img
Apple AI би можел значително да го подобри iPhone, еве како
Apple развива сопствена вештачка интелигенција и оваа вест не е никакво изненадување. Вештачката интелигенција во денешно време е задолжителна...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/