На колку години богаташите ја заработија првата милијарда

img

Во текот на пандемијата имаше многу откази од работа и намалени плати, а многумина ставија и клуч на врата. Дел од најголемите светски богаташи го зголемиле своето богатство за милијарда, односно десетици милијарди долари. Вредноста на Џеф Безос е се поблизу до 200 милијарди долари. Марк Цукерберг на само 36 години тежи неверојатни 100 милијарди долари

Business Insider истражил колку години биле денешните светски богаташи кога ја надминале границата од една милијарда долари. Најмлад и прв на листата по е шефот на Facebook:

10. Опра Винфри - познатата американска водителка денес има 2,5 милијарди долари, а бариерата од 1 милијарда ја пробила во 2003 година на 49 годишна возраст. Во историјата ќе остане запамтена како првата обоена жена што самостојно ја заработила првата милијарда долари.

9. Мег Витман - во клубот на милијардери се придружи порано од Опра, во 1998 година, кога имала 42 години, додека сега нејзината вредност изнесува 5,1 милијарда долари. Витман беше брилијатна директорка на eBay и Hewlett-Packard, а моментално е шефица на стриминг сервисот Quibi. Нејзиното богатство надмина милијарда после излегувањето на eBay на берзата.

8. Ричард Бренсон - првата милијарда ја заработил во 1991 година, на 41 годишна возраст, а следните 19 години неговото богатство се искачи на 4,6 милијарди.

7. Илон Маск - денес богатството на ексцентричниот основач на Tesla и SpaceX како еден од основачите на PayPal, се приближува кон цифрата од 70 милијарди долари, а својот прв милијардерски чекор го направи во 2012 година, кога имал 41 година.

6. Марк Кубан - познат инвеститор што NBA фановите го познаваат како сопственик на Далас Маверикс. На 42 годишна возраст влезе во клубот на милијардерите, во 1998 година, откако ја продаде компанијата Broadcast.com.

5. Џеф Безос - најбогатиот човек на светот стана милијардер во 1999 година на 35 годишна возраст. Некои од аналитичарите велат дека е најдобриот кандидат за да стане и првиот билионер во светот, иако шансите се мали.

4. Бил Гејтс - стана милијардер на 31 годишна возраст, во 1987 година. Тој беше најмладиот човек во историјата чија вредност надмина милијарда долари.

3. Лери Пејџ - на крилата на излегувањето на Google на берзата во 2004 година, Пејџ стана милијардер, тогаш имал 30 години.

2. Иван Шпигел - ко-основач и шеф на Snapchat, стана милијардер пред 5 години, а денес 30-годишникот вреди 4,5 милијарди долари.

1. Марк Цукерберг - тешко дека некој толку скоро ќе го замени шефот на Facebook, како најмлада личност што се пробила до милијарда долари. Кога стана милијардер, Цук имаше само 23 години!

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

img
Apple AI би можел значително да го подобри iPhone, еве како
Apple развива сопствена вештачка интелигенција и оваа вест не е никакво изненадување. Вештачката интелигенција во денешно време е задолжителна...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/