Млад бизнисмен и шеф, годишно заработува над 1 милион евра

img

Алберт Гајшак зборувал за својата скромна канцеларија пред пет години, но денес е друга приказна. Работниците го фалат дека е најдобар шеф. Има само 23 години и управува со компанија што брои 23 вработени.

„Еден викенд одлучив да составам гејминг конзола и така почна се. Најважно е дека не работам повеќе сам и дека успеав да изградам тим од луѓе, кои во други нешта се подобри од мене“, вели Алберт Гајшак. 

„Сигурно се прашувате во што се толку добри? во смислувањето на гејминг конзоли. Доаѓаат во делови, нешто како лего коцки и потоа децата треба тоа да го склопат, да научат нешто за програмирање и електроника и финално да добијат уред што функционира“, објаснува Алберт.

Врз база на тоа изградил вистински бизнис. На онлајн платформа за финансирање на производи, однапред собрал многу повеќе пари од планираното, дознава новинарката Лара Швигир за Dnevnik Nova TV.

„Целта беше да собереме 10-15 илјади долари, а на крај собравме над 388 илјади долари за 60 дена“, вели тој.

Среќата не ја пронајдел на факултет

Големиот Warner Bros му влегол во око. И реализирал соработка.

Важно е да се нагласи дека без оглед на тоа што сме во Хрватска, имаме подеднакви шанси и можеме да продаваме преку интернет и едноставно тие бариери се спуштаат, додава тој.

Границите можел да ги помести и како 11 годишно дете. Со цел максимално да се посвети на својата работа, го одбрал патот кон претприемништвото, наместо студирањето.

„Да заминев на факултет и истовремено да го работев својот бизнис, не би успеал во ниту едно. Не ги советувам сега сите да се откажат од факултет, но во мојот случај се појави таа шанса и одлучив да ја зграпчам“, уверува Алберт. 

Иако сакал, не можел да остане во својот роден Карловац. Не можел да најде работна сила, па бил приморан да ја пресели компанијата во Загреб

„Супер ми е што работам овде и интересно е што шефот е помлад од мене, но сеедно, добро соработуваме“, вели вработената Матеа Станишиќ. 

„Пријатно сум изненаден од екипата и од шефот, затоа што е наша генерација, а тоа го нема често“, додава вработениот Карло Крклец.

Без разлика дали сте помлади или постари, ако сакате нешто да создадете, работите од 0 до 24 часот. Сепак, Алберт вели дека спие, иако изгледа многу измачено. Тој е под будното око на инвеститорите. Се работи за мала екипа, која од малата Хрватска, гради голема приказна.

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

img
Apple AI би можел значително да го подобри iPhone, еве како
Apple развива сопствена вештачка интелигенција и оваа вест не е никакво изненадување. Вештачката интелигенција во денешно време е задолжителна...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/