Nokia E7 – отворен за бизнис

Објавено на 04.10.2011 во Рецензија



Nokia E7 – отворен за бизнис

Вовед

За Е серија бизнисот, како и обично, е клише – ама тоа ќе смени многу. На почетокот Е7 е замислен како и било кој друг од оваа серија, но се „излезе“ нешто подобро – нешто што ќе промени многу работи.

Предности

•    Поддршка за Quad-band GSM/GPRS/EDGE
•    Алуминиумска маска
•    4 инчен ClearBlack AMOLED екран на допир со резолуција од 640 x 360 пиксели
•    Екран отпорен на гребење
•    Камера со 8 мегапиксели и автофокус
•    Снимање на видео клипови 720p при 25fps
•    Symbian OS
•    Процесор ARM 11 CPU на 680 MHz и 256 MB RAM меморија
•    Wi-Fi 802.11 b/g/n
•    microHDMI порт со TV-out можност
•    GPS со A-GPS
•    Дигитален компас
•    16GB вградена меморија
•    Поддршка за видео-форматите DivX и XviD
•    Аccelerometer и сензор за близина
•    3.5 мм аудио приклучок
•    FM радио со RDS
•    microUSB порт со USB
•    Flash и Java поддршка за веб-пребарувачот
•    Bluetooth 3.0
•    Добар аудио звук
•    Паметно бирање
•    Уредник за Office документи

Недостатоци

•    Symbian^3 е сè уште зад Android и iOS
•    Бројот на апликации во Ovi store заостанува зад Android market и App Store
•    Интерфејсот на камерата е застарен
•    Нема слот за microSD мемориска картичка

Дизајн

Е7 има специфичен и привлечен дизајн.
Над дисплејот се наоѓа видео-камерата на десната страна, додека под дисплејот се наоѓа копчето за мени, но немало место за хардверски копчиња за повик или копче „назад“.
На врвот од Nokia E7 „лежи“ копчето за вклучување, а до него се копчето за заклучување на екранот и профилите на ѕвонење. А тука некаде ќе ги најдете и HDMI излезот, microUSB и 3,5 мм аудио порт. (HDMI портот поддржува видео излез од 720p).
На левата страна од смартфонот ќе го најдете слајдерот за заклучување на телефонот, копчето за директен пристап до камерата и слотот за SIM картичката се на десната.
Од позади се наоѓа камерата од 8 мегапиксели, со фиксен фокус и блиц. Некој може ќе рече дека можеле да одат со посилна камера, но да не заборавиме дека поверојатно е дека Nokia E7 ќе го најдеме во џебот на некој бизнисмен, а не на просечен корисник.
Nokia E7 може да се пофали со LI-Ion BL-4D батерија од 1200 mAh, како кај N8. Сепак, немате исто време на располагање: тука добивате 480 часа на мирување и до 9 часа на зборување.



Интерфејс

Промените кај Symbian 3 се визуелни и функционални, а тоа највидливо кај домашниот екран. Тој се состои од три дела, кои можете да ги полните со апликации. Можете да го намалите бројот на екрани, но не и да додавате.

Може ќе забележите дека екраните сами се „вртат“ штом со прстот ќе поминете низ еден, но тоа е начинот на кој е дизајниран Е7, а не некое задоцнување. Некои од апликациите се „скролаат“’ затоа телефонот чека да се види дали вие ќе ги користите нив или ќе преминете на следниот.

Слајдот може да се намести да го заклучува екранот или едноставно да ве врати на почениот екран. Иако се работи за релативно стара верзија на Symbian 3, сепак, не се забележува поголемо забавување на телефонот, освен кога ќе му зададете повеќе апликации одеднаш.

Ова воопшто не се лоши вести земајќи предвид дека на располагање има само 256MB RAM меморија, што иако е навистина малку (во споредба со другите модерни телефони кои нудат и по 1Gb), сепак добро е ускладена работата на телефонот.


Крал за пораки

Кога се работи за пораки и начини на поврзување со другите корисници, Nokia E7 е „цар“. За разлика од другите смартфони со Symbian 3 од Финците, Е7 навистина одлична QWERTY тастатура, а со тоа и да Ви е мерак да куцате.

Сите дојдовни пораки пристугнуваат во инбоксот. Ако сакате можете да ги подредувате и како разговори. За работите да бидат полесни, едноставно вметнете било каква мултимедија (видео или слика) и пораката автоматски станува MMS порака.

Емаил клиентот кај Nokia E7 овозможува лесно поставување на Gmail акаунтот, додека за поставување на Exchange ActiveSync серверот малку ќе се помачите. Сепак, во повеќето случаи сè што треба да внесете е корисничко име и шифра, а сè друго сам си прави телефонот.
Исто така, тука се поддржани најразлични емаил протоколи и стандарди.
Пораките може да ги подредувате по критериумите датум, испраќач, наслов, приоритет или по додатоци, а исто така, и пребарување е достапно.


Камерата од 8 мегапиксели и не е така лоша

Nokia E7 е опремена со камера од 8 мегапиксели и нуди максимална резолуција од 3264 x 2448 пиксели, а нуди и блиц.
Сепак, корисничкиот интерфејс е стар и далеку од пријателски-настроен – има само три кратенки, за промена помеѓу камера и видео, за блицот и копче до остатокот од опциите.

А остокот од тие опции се поставени повторно во друго мени. Ако треба да одите низ еден куп опции само за да смените сцена на сликање, тогаш навистина нема смисла. Од друга страна, тука се па повеќето функции како white balance, color tone, изложеност, ISO, контраст и острина на сликите.
Што се однесува до географското означување, тоа ви овозможува да ја снимите моменталната локација на фотографиите, со помош на вградениот GPS приемник.

Веб пребарувачот иде на живци

За жал, Symbian 3 едноставно не го носи пребарувачот што на платформата и тоа како и е потребен. И покај поддршката за контрола на допир и FlashLite 4.0, E7 во овој поглед заостанува салам зад Android, па дури и iPhone.


Уредникот на Office документи е одличен, ама повторно со лош дизајн

Оваа апликација кај Nokia E7 е тоа што го „вади“ телефонот од недостатоците во другите полиња, а башка може да служи и како фајл менаџер. Тука ќе може да отворите и уредувате Word, Excel и PowerPoint документи, а има и зголемување со допир.

Овие т.н. „уредници“ имаат еден куп опции – напредно форматирање, правење табели, цела листа на Excel документи итн., но многу сиромашен интефејс. Тука е најлош PowerPoint уредникот – не можете да уредувате додека сте зголемиле, а само за промена на текстот во насловот треба да кликнете неколку пати.

Инаку, во глобала, работењето на документите  релативно брзо, освен ако не работите на Office 2007 документ, каде работите ќе забават малку. За прегледување на PDF документи има посебна Adobe апликација која иако не е нешто посебно, сепак врши работа.

Заклучок

Nokia E7 е или најдобриот смартфон со Symbian 3 на пазарот или вториот најдобар. Тој ги има сите „чеда“ на напредната технологија: ClearBlack AMOLED дисплеј, USB-on-the-go, HDMI порт, penta-band 3G, HD видео и алуминиумска градба.

Но, искрено (не дека сакаме да ве збуниме), но телефоните со Symbian 3 едноставно тонат зад конкуренцијата. Не се работи за перформансите, ниту за моќта. Се работи за моќта на екранот на допир која ја нема кај Nokia и Symbian. Ова е фактот поради кој Nokia се сврти кон Windows Phone 7 за да си ја врати инспирацијата.

Очигледно тоа не е вина на Nokia E7. Но, политиката на страна, E7 треба за друго да му ја мисли. Во моментов малку е неоправдано скапа, а додека цената падне телефонот и тоа како ќе заостанува зад конкурентите кои ги има сè повеќе од ден на ден.

Главни конкуренти на Nokia E7 му се HTC Desire Z и Motorola MILESTONE.

Владимир Ѓуров





Прочитајте повеќе: