Дали роверот Perseverance откри веродостојни докази за животот на Марс

Објавено на 14.07.2023 во Вселена



Дали роверот Perseverance откри веродостојни докази за животот на Марс

Perseverance е роверот во сопственост на Националната аеронаутичка и вселенска администрација на Соединетите Американски Држави - НАСА. Perseverance има неверојатно откритие за органските соединенија што се наоѓаат во кратерот Језеро на планетата Марс

Роверот открил органски материјали на десет локации што ги истражува на дното на кратерот. Научниците се убедени дека откриените соединенија би можеле да се развијат и на небиолошки начини, но резултатите укажуваат кон сложени органски услови за клучните градежни блокови, кои што овозможуваат развој на живите организми. Истите органски молекули содржат јаглеродни атоми и водород, кои што претставуваат базични компоненти на животот каков што го знаеме на Земјата.