Одлични вести за сите љубители на конзолата на Sony, доаѓа PS5 Pro
Објавено на 25.07.2023 во Игри
![Одлични вести за сите љубители на конзолата на Sony, доаѓа PS5 Pro](https://telefoni.mk/sliki/Image/sliki_novosti/large/2023/07/62595687-playstation530x290_250723_103158.jpg)
До крајот на 2023 година, на пазарот би требало да се појави новата гејмерска конзола на Sony. Моделот што е моментално во фаза на развој под кодно име Project Q е рачна конзола, на која што ќе може да се стримаат видео игри од PlayStation 5 и Sony за неа нема да развива посебни игри каков што беше случајот со моделот PS Vita.
Тоа не е единствената конзола на која што Sony инженерите и дизајнерите моментално работат. На почетокот на минатата година Sony почна со развој на подобрениот модел PlayStation 5, а сите љубители на конзолата кои што сакаат уште појак модел од петката, ќе треба да дочекаат до крајот на следната година кога PS 5 Pro наводно би требало да се појави на пазарот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.