Протекоа фотографии со новата гејмерска конзола на Sony
Објавено на 24.07.2023 во Игри
![Протекоа фотографии со новата гејмерска конзола на Sony](https://telefoni.mk/sliki/Image/sliki_novosti/large/2023/07/protekoa_fotografii_so_novata_530x290_240723_125741.jpg)
Sony ја спрема конзолата, кон крајот на мај оваа година потврди дека работи на нов Project Q. Новиот уред се очекува на крајот на годината, а станува збор за уред со дијагонала од 8 инчи со резолуција од 1080p.
Треба да се нагласи дека ова не е самостојна рачна конзола, на која што може да се вклучуваат посебни игри како што се PS Vita, туку станува збор за уред за стриминг со PlayStation 5 преку опцијата Remote Play и WiFi.
Sony ја прикажа фотографијата на овој уред, но таа не открива премногу. Како изгледа самиот хардвер и екранот кога уредот е покренат, откриваме оваа недела благодарение на корисникот на Twitter, @Zuby_Tech, кој на својот профил објавил фотографии и видеа со уредот во акција.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.