Motorola Moto G5S - Повеќе метал, повеќе батерија

Објавено на 09.12.2017 во Новости



Motorola Moto G5S - Повеќе метал, повеќе батерија

Motorola Moto G5S е еден од најсвежите смартфони во понудата на Motorola со засилување на дизајнот од убаво склопено метално тело, како и супер батерија со капацитет од 3000 mAh која брзо се полни за само 15 минути за работа од 5 часа.

Motorola Moto G5S располага со 5.2 инчен Full HD дисплеј со Corning Gorilla Glass 3 заштита. Смартфонот работи со осум-јадрениот Qualcomm MSM8937 Snapdragon 430 процесор кој не троши многу енергија, а има 3 GB RAM и 32 GB основна меморија која е и повеќе од доволна за сите фајлови и податоци на корисникот.

Moto G5S како солиден смартфон од средната класа може да се пофали и со 16 мегапикселна главна камера со f/2.0 апаратура и PDAF, како и селфи камера од 5 мегапиксели. Смартфонот работи со Android Nougat системот кој чека надградба со Oreo, но и онака има одлични софтверски решенија како ноќен дисплеј, брз одговор и мнгогу други.

 



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}