Видео: Дали Биткоинот ќе ја урне светската економија и валутите?

Објавено на 29.12.2017 во Новости



Видео: Дали Биткоинот ќе ја урне светската економија и валутите?

На YouTube се шири снимката направена наводно од Сатоши Накамото, креаторот на криптовалутата Биткоин, кој ги повикува сите луѓе да учествуваат во втората фаза од проектот наречена Bitcoin mine преку која ќе може да заработат пари директно од тргувањето на светските берзи.

Според хакерот на видеото тој ги контролира сите движења на биткоинот преку неговиот таен сервер и знае точно како ќе се движи цената. Со ваквите дојави сите заинтересирани инвеститори ќе имаат 100% сигурна добивка, а штетата ќе оди на алчните банкари и финансиери од Вол Стрит.

Хакерот кој се претставува како Сатоши Накамото тврди дека негова цел е да го урне финансискиот систем креиран од најмоќните богаташи, да ги спречи владините валути како американскиот долар и еврото и моќта да им ја пренесе на обичните луѓе кои директно и тајно ќе вршат трансакции со биткоин без никакви последици.

Секако, учеството во Bitcoin mine не може никој да го гарантира, но претпоставуваме дека ќе има храбри инвеститори кои ќе сакаат да си ја пробаат среќата.





 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}