YouTube воведува строги правила за партнерската програма

Објавено на 18.01.2018 во Новости



YouTube воведува строги правила за партнерската програма

Забележан е раст на објавувањето на видеа во 2017 година на платформата на YouTube за заработка на пари. Компанијата неколку пати беше во конфликтни ситуации со своите корисници, затоа што алгоритмите често пати не функционираа како што треба и одредени корисници и одредени видеа не можеа да се прикачуваат на интернет за заработка.

Минатата година YouTube ги објави новите правила за учество во YouTube Partner Program, што е прв предуслов за заработка. На тој начин се постави минимална граница од 10.000 прегледи на поединечен YouTube канал од почетокот на неговото создавање. Ако имате толку прегледи, автоматски влегувате во YouTube Partner Program и заработувате од рекламите на своите видеа. Се разбира, правилата што YouTube ги дефинирал претходно мора да бидат запазени.

Имено, YouTube со новите правила одреди секој што сака да заработи, мора да има минимум 4.000 часа од вкупните прегледи во последните 12 месеци, но и најмалку 1.000 претплатници на каналот. Што мислите вие, колку се фер и коректни новите правила на YouTube... кои стапуваа во сила на 20 февруари, 2018.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}