Facebook Messenger направи промени со повиците

Објавено на 24.02.2018 во Новости



Facebook Messenger направи промени со повиците

Facebook Messenger конечно реши да ја скрати постапката и додаде нова функција за повиците. Односно, кога разговарате со некој на чет аудио или видео, може во меѓувреме да поканите било кој, без да го прекинувате разговорот. 

Досега беше навистина иритирачки да го прекинувате повикот за да ги поканите сите па повторно да се јавувате. Ова е навистина корисна опција со "Аdd person" иконката, која е достапна за сите iPhone и Android модели. Фактички, на тој начин се создава чет група и може да продолжите да четувате со пораки после разговорот во Inbox. За време на разговорот може да гледате 6 лица најмногу, а во групата вкупно може да поканите 50 корисници. Само личноста што зборува ќе биде прикажана со најголема слика на екранот.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}